- Започна да врне во делови од Македонија
- Детали за децата пронајдени во бессознание во Куманово – родителите одбиле болничко лекување и токсиколошки анализи
- Апсење на булевар во Прилеп: Маж се шетал среде бел ден со пушка
- Шалтерски работник во прилепската болница фотографирал картичка на пациент и направил 71 онлајн нарачка
- МВР: Приведени 15 возачи без дозволи, меѓу нив и тројца малолетници
- Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи
- Кривична пријава за жител на Миладиновци: Истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште во неготинско
- Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица
Author: Author 04
Филипче пред некој ден беше на средба на Партијата на европски социјалисти во Барселона, па логично е да се праша како им раскажа таму дека цела недела ја славеше победата на политичката партија во Унгарија, Тиса, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Иронијата е повеќеслојна и јасно е каде се наоѓа СДС во моментов. Очајни за добри вести, без разлика од каде доаѓаат. Славеше победа на партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, додека сестринската партија на СДС на тие избори освои 1% од гласовите. Можеби подобро ќе биде за СДС, Филипче да се фокусира помалку на меѓународен план и повеќе…
Кога граѓаните ќе влезат во продавница, кога ќе отидат на пазар, ќе платат сметки, кога ќе погледнат во своите празни паричници и празни фрижидери најдобро знаат колку е реална бајката на Мицкоски за 3-та економија во Европа, се наведува во соопштението од СДСМ. „Со Мицкоски стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, граѓаните имаат се помалку пари и живеат се полошо. Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека зеленчукот е поскапен за над 38%, овошјето за над 10% а продажните цени во земјоделството за 23%. Поскапени се месото, јајцата, зејтинот…булвално се. А платите не мрдааат, заковани…
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 1 мај – Ден на трудот кога воедно е и продолжен викенд.Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед
Македонските возачи кои летово планираат да патуваат кон Грција мора сериозно да го проверат опремувањето на своите автомобили. Со стапувањето во сила на новиот Закон за сообраќај, нашиот јужен сосед воведува радикални измени и строги правила, чие непочитување ќе ве чини скапо. Најголема промена е воведувањето на нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022). Доколку вашиот сет не е во согласност со овој нов стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Новиот комплет, кој мора да содржи 16 клучни артикли (вклучувајќи термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски), чини околу 31 евро, што е значително поскапо од досегашните…
Овен: Време за градење темели Фокусот во наредниот период се префрла кон вашата финансиска стабилност и ресурсите што ги поседувате. По изминатиот активен период, сега е вистинското време да забавите и да размислите како да ја зацврстите вашата позиција. Вашата амбиција овој пат треба да биде насочена кон создавање долгорочна сигурност. Бик: Сонцето свети за вас – време е за нов почеток Со Сонцето во вашиот знак, се наоѓате во период кога сите очи се вперени во вас. Ова е вашиот момент за нов почеток, за поставување лични цели и за враќање на изгубената самодоверба. Искористете ја оваа енергија за…
Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Светската банка и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите…
Со години, Министерството за правда се менуваше од едно албанско име во друго, но ништо не се промени. Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Љога, од кои последниот заврши во скутот на Али Ахмети. Пет министри. Пет мандати. Пет можности да се исправи неправда. И сепак, студентите-албанци останаа без можност да полагаат правосуден испит на албански јазик, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува вистината за исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит. Уште полошо, овој закон беше донесен со бадентер, односно со гласовите на пратениците-албанци од тоа време. Сето…
Министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, денеска престојува во работна посета на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во рамки на агендата е предвидена тет-а-тет средба на Шакалиев со неговиот македонски домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. По приватната средба, ќе следи пленарен состанок на двете официјални делегации, на кој ќе се разговара за билатералните односи меѓу Скопје и Астана. Посебен акцент на разговорите ќе биде ставен на можностите за интензивирање на економската и трговската соработка. По официјалните разговори, министрите ќе одржат заедничка изјава за медиумите.
Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило ,,мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри…
Цените на нафтата денеска забележаа нагло зголемување, како директна последица на обновените тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, пренесува новинската агенција ДПА. Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со минатата недела, достигнувајќи цена од 97 долари за барел. Сличен тренд на поскапување забележа и американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI). Овој раст е особено значаен ако се земе предвид состојбата на пазарот кон крајот на февруари, кога „брент“ се тргуваше под 70 долари за барел. Пазарите реагираат на влошувањето на односите меѓу Вашингтон и Техеран, кое…
