Author: Author 04

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за трговија и интеграции на Казахстан, Арман Шакалиев, на заедничката прес-конференција во Скопје порачаа дека постои силна волја за надминување на предизвиците и зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на Вториот македонско-казахстански бизнис-форум, кој треба да послужи како мост за поврзување на бизнис-заедниците. „Констатиравме дека сегашното ниво на економска размена не го одразува реалниот потенцијал меѓу двете земји. Но, се согласивме дека постојат конкретни и достижни можности тој јаз да го затвориме“, истакна Муцунски. Тој додаде дека Владата останува отворена за казахстански инвеститори,…

Повеќе

Повторно се шири токсичен чад од дивата депонија кај село Пчиња, што предизвика остра реакција кај локалното население и здружението „Еко Пчиња“. Жителите алармираат дека ова не е изолиран инцидент, туку долгогодишен проблем кој директно го загрозува нивното здравје. „Депонијата кај с. Пчиња повторно гори. Повторно чад. Повторно труење. Ова НЕ е инцидент, ова е системски неуспех“, велат од „Еко Пчиња“. Според реакцијата на граѓаните, проблемот се повторува со години. „Игнорирање. Неодговорност. Нула акција. Ова е директна закана за здравјето на луѓето“, стои во нивното обраќање до јавноста, при што побараа итна интервенција од Државниот инспекторат за животна средина и…

Повеќе

Екипите на „Македонски шуми“ и ТППЕ Куманово се сè уште на терен и вложуваат максимални напори за целосно гаснење на пожарот кој вчера околу пладне избувна во близина на акумулацијата Глажња во општина Липково. Кире Михаилов, заменик директор на претпријатието, упати сериозни обвинувања дека пожарот е намерно подметнат. Според него, доказите на терен се јасни. „Пожарот има зафатено две страни од широк прооден пат, што значи дека намерно е подметнат на двете страни, инаку нема никаква можност огнот да биде префрлен од едната на другата страна по природен пат“, изјави Михаилов. Тој се сомнева дека овој инцидент е директна одмазда…

Повеќе

Пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов Деко побара замена на мерката притвор со куќен притвор. Бранителот, адвокатката Ивана Коцевска, тврди дека здравствената состојба на нејзиниот клиент е сериозно влошена, што, според неа, го прави понатамошниот престој во затворски услови нехуман. „Мерката притвор не соодветствува со целта; ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење. Дејан денеска беше спроведен од болнички услови на судење со отворена рана по оперативен зафат“, изјави Коцевска пред судот во „Идризово“. Од друга страна, судијката Дијана Груевска Илиевски истакна дека судот е…

Повеќе

Оваа недела, до 26 април, ѕвездите најавуваат значајни промени за три хороскопски знаци. Под силното влијание на Овенот и Марс, но и со стабилизирачката енергија на Сонцето во Бик, се наоѓаме во период на „превирања“, но и на големи можности за личен напредок. Од петок, 24 април, кога Венера влегува во Близнаци, комуникацијата ќе дојде во прв план, а до крајот на неделата, под влијание на Уран, нè очекува нова енергија што ќе ни ги подобри животите. Еве кои знаци ќе ја почувствуваат оваа трансформација најсилно: Овен: Внимавајте на својата жестока енергија Оваа недела за вас е исклучително моќна, но…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди Јапонија, објави јапонскиот радиодифузер NHK. Издадено е предупредување за цунами и се очекуваат бранови до три метри. Епицентарот на земјотресот бил во морето покрај источниот брег на островот Хоншу.

Повеќе

Грција располага со доволно залихи на гориво за наредните два месеци, потврдија високи претставници од грчкиот рафинериски сектор за весникот „Катимерини“. Сепак, неизвесноста околу продолжувањето на конфликтот во Персискиот Залив создава загриженост за долгорочното одржување на соодветните количини на енергенси. „Целосно сме обезбедени за два месеци. Доколку пловидбата во Ормутскиот теснец не се обнови, ситуацијата ќе стане потешка подоцна“, изјави претставник од секторот. Грчкиот рафинериски капацитет, кој вклучува четири рафинерии (Аспропиргос, Елефсина и Солун), работи со производство што ја надминува домашната побарувачка, при што повеќе од 50 проценти од производите се извезуваат. Безбедносните резерви на земјата, според официјалните податоци, ги…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осмничениот 39-годишен косовски државјанин на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол внатре, претурал и пребарувал и од маркетот одзел пари од дневен промет, разни алкохолни пијалоци, цигари и други ситни производи, во вкупна вредност од 52.900 денари. Веднаш потоа со велосипед избегал…

Повеќе

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците Перо Наков во општината Гази Баба, Џон Кенеди во општината Чаир, како и Гвадалахара во општината Шуто Оризари. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 19 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто по шест записници се врачени на територијата на скопските општини Чаир и Карпош. ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши целосно расчистување на теренот по обемната сообраќајна незгода лоцирана на главната улица во општината Ѓорче Петров,…

Повеќе

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.04.2026 до 17.04.2026 зема 151 примероци за физичко-хемиска и 151 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ,…

Повеќе