Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 14-годишнно момче си ја убило 10-годишната братучетка, доживотен затвор за тинејџер во САД

    14-годишнно момче си ја убило 10-годишната братучетка, доживотен затвор за тинејџер во САД

    02.09.2026 во 19:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Осумнаесетгодишниот Карсон Т. Питерс-Бергер од американската сојузна држава Висконсин беше осуден на доживотен затвор со можност за условен надзор по 25 години, откако се изјасни за виновен за убиството на својата 10-годишна братучетка Лили Питерс.

    Трагичниот инцидент се случи на 24 април 2022 година во Чипева Фолс, кога девојчето исчезна додека се враќаше дома од куќата на својата тетка. Нејзините останки беа пронајдени следниот ден во блиската шума.

    Питерс-Бергер, кој во времето на извршување на делото имал 14 години, бил уапсен веднаш по пронаоѓањето на телото и за време на сослушувањето им ги признал сите детали на истражителите.

    Според полициската пријава до која дојде списанието People, тој го намамил девојчето надвор од патот со намера да изврши сексуален напад.

    Откако Лили паднала на земја, тој повеќепати ја удирал во главата и ја давел „сè додека не поверувал дека жртвата е почината“, се наведува во пријавата. Осомничениот потоа почнал да ја напаѓа, а подоцна се исплашил и побегнал од местото.

    По пријавувањето на нејзиното исчезнување, тој се вратил на местото на настанот, го влечел нејзиното тело и го покрил со лисја за да го сокрие.

    Според онлајн судските записи, Питерс-Бергер се изјасни за виновен за намерно убиство од прв степен. Останатите обвиненија за сексуален напад беа формално отфрлени, но беа прочитани на судското рочиште, со што судијата доби законско право да ги земе предвид при одредувањето на висината на казната.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.