- МВР: Приведени 15 возачи без дозволи, меѓу нив и тројца малолетници
- Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи
- Кривична пријава за жител на Миладиновци: Истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште во неготинско
- Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица
- Падна инспектор од Крива Паланка: Наредил да се скршат катанците на приватни резервоари за вода
- Несреќа во штипско: Малолетник паднал од коњ и се здобил со тешки повреди, итно пренесен во Скопје
- Патник се обидел да внесе бомба во авион со тајмер наместен на 15 минути – хорор го потресе светот
- Малолетник паднал со мопед во Тетово, па од болница завршил во полиција
Author: Author 04
Вчера во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20) излетало од патот и удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, сите од с.Долно Свиларе, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 19:30 часот во Скопје, во ПС Карпош е извршен службен разговор со И.С.(25), Г.Х.(30) и Д.М.(28), затоа што претходно биле затекнати додека управувале дрон без соодветна дозвола во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Дронот е одземен и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 16:30 часот во СВР Куманово, И.А.(22) од Куманово, фудбалер на фудбалскиот клуб „Куманово-Милано“, пријави дека околу 11:00 часот на стадион во с.Агино село, кумановско, пред завршување на натпревар помеѓу фудбалските клубови „Македонија-Агино“ и „Куманово-Милано“, Г.П. – судија на натпреварот, по претходна расправија, физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал играчите од Струга. Во врска со настанот, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Х.(39). Се преземаат мерки за расчистување…
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска остро ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека остварил средби со претставници на српската опозиција, нарекувајќи ги наводите „класична лажна вест“. Димитријевиќ ги нарече обвинувањата на партијата на власт како „нова лага“ и посочи на, според него, нелогичноста на тврдењата. „Ниту сум се видел, ниту ги познавам споменатите Ружиќ и Башановиќ. Особено е интересно што ВМРО тврди дека постои ‘договор за опозициско делување со СПС’ – партијата која е најблизок партнер на Вучиќ и СНС и која со нив ја сочинува владејачката коалиција“, истакна Димитријевиќ. Според генералниот секретар на СДСМ, ваквите наводи се…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост и негодување кон безпреседентната политичка и правна ситуација која се одвива на политичката сцена. Веродостојни извори потврдуваат дека премиерот Христијан Мицкоски го држи Изет Меџити под целосна контрола преку судска досие од 320 страници, која документира флагрантни прекршувања на законот во областа на нелегалната градба во Чаир, прекршувања кои предизвикале директна штета на општинскиот буџет во износ од 72 милиони евра, се наведува во соопштението од ДУИ. „Оваа ситуација не е само правен скандал, таа е политички скандал од прв ред. Фактите јасно покажуваат дека обвинителното досие не се користи како инструмент…
Откако изминатиот викенд цели на лажните дојави за поставени експлозивни направи беа трговските центри во Скопје, Сараево, Загреб и Подгорица, денеска наутро фокусот на заканите се префрли на образовните институции. Утринава училишта ширум регионот добија дојави за поставени бомби, што предизвика масовни евакуации на учениците и прекин на наставата: Надлежните служби во сите земји работат на терен со цел да се провери веродостојноста на овие дојави, но до овој момент, како и во претходните случаи, станува збор за серија на лажни закани кои имаат за цел да предизвикаат паника и да го нарушат јавниот ред и мир.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека операцијата за евакуација на македонските државјани од регионот на Заливот е официјално завршена. Сите кои побарале помош од државата се безбедно вратени, а нови евакуации не се планираат. „Ги организиравме чартер летовите и ги евакуиравме сите наши граѓани кои до тој момент бараа евакуација. По тој процес, веќе немаме намера да организираме нови евакуации“, изјави Муцунски на заедничката прес-конференција со казахстанскиот колега Арман Шакалиев. Министерот потенцираше дека граѓаните кои одлучиле да останат во регионот, и покрај безбедносните предизвици, тоа го направиле на сопствен ризик. Покрај македонските државјани, во операцијата…
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, врз основа на добиеното известување од ЕВН, ги известува корисниците дека утре, 21 април 2026 година, поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, без струја ќе останат следните делови од градот: Општина / ЛокацијаВременски интервалс. Морани и викенд населба Морани08:00 – 15:30 часотс. Момин Поток (ул. 1506 и ул. 1550, Електроводомонт, Стил Железо и Европа 92)08:30 – 15:00 часотДел од ул. „Иван Аговски“ (Општина Карпош)09:00 – 13:00 часот
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати остри критики кон економските политики на Владата, оценувајќи дека тврдењата за Македонија како „трета економија во Европа“ се апсурдни и немаат допирна точка со реалноста на граѓаните. „Со празни фрижидери и празни џебови, граѓаните најдобро знаат за бајките на Мицкоски. Народот плати за грешките на власта, а цената допрва ќе расте“, изјави Кузеска. Според неа, стандардот на граѓаните е сериозно загрозен од растот на цените, додека платите стагнираат. СДСМ обвини дека инвестициите се во пад за над 60 %, а во изминатите неколку месеци се отпуштени над 1.500 работници. Портпаролката ја…
