Author: Author 04

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камата и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарски сметки и други мерки.Од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на личен доход кај вршителите на дејност во кои е искажана…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и утре, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните…

Повеќе

Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со бивши функционери од српската опозиција со цел оформување на опозициски фронт, обвини денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Според Манасиевски, целиот процес е организиран со помош на поранешниот премиер Зоран Заев и ПР-консултантот Зоран Башановиќ. На прес-конференцијата, Манасиевски посочи дека Димитријевиќ минатата недела се сретнал со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС). Според тврдењата на Манасиевски, на средбата се разговарало за здружување на опозициските сили од Србија со СДС. „Жалното е што во врвот на СДС никако не…

Повеќе

Во рамки на ПЕС е разговарано за вашата сестринска партија Фидес и големиот пријател на вашиот претседател Мицкоски – Виктор Орбан. Сите учесници заклучија дека автократските режими кои се длабоко заглавени во криминал и корупција завршуваат. Затоа беше толку убедлива победата на ТИСА над Фидес, се вели во соопштениеот од СДСМ.  „Дури и меѓу првите им честиташе домаќинот на конгресот во Барселона, шпанскиот премиер и претседател на партијата PSOE – Педро Санчес. Ова не беше прашање на идеологија. Иако Тиса е центар-десна, либерална опција од десниот правец, тоа воопшто не се доведуваше во прашање. Победата беше победа на Европа над…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, потврди дека државата интензивно работи на пополнување на испразнетите места за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва. На заедничката прес-конференција со неговиот казахстански колега, Арман Шакалиев, Муцунски посочи дека голем дел од кандидатите веќе ја поминале владината седница одржана пред неколку недели. Сепак, јавноста ќе треба да почека на имињата поради дипломатскиот протокол. „Имињата не можам да ги споделам бидејќи постапката е сè уште класифицирана. За сите се побарани агремани, за некои од нив имаме добиено одговор, и тоа е нормално во дипломатската практика“, објасни министерот. Во меѓувреме, дипломатската мрежа функционира непречено бидејќи…

Повеќе

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесува 67 818,00 денари е зголемена  за 979,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец март изнесува 84 172,00 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци јануари, февруари, март и април 2026 година изнесува 3.305,00 денари.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за трговија и интеграции на Казахстан, Арман Шакалиев, на заедничката прес-конференција во Скопје порачаа дека постои силна волја за надминување на предизвиците и зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на Вториот македонско-казахстански бизнис-форум, кој треба да послужи како мост за поврзување на бизнис-заедниците. „Констатиравме дека сегашното ниво на економска размена не го одразува реалниот потенцијал меѓу двете земји. Но, се согласивме дека постојат конкретни и достижни можности тој јаз да го затвориме“, истакна Муцунски. Тој додаде дека Владата останува отворена за казахстански инвеститори,…

Повеќе

Повторно се шири токсичен чад од дивата депонија кај село Пчиња, што предизвика остра реакција кај локалното население и здружението „Еко Пчиња“. Жителите алармираат дека ова не е изолиран инцидент, туку долгогодишен проблем кој директно го загрозува нивното здравје. „Депонијата кај с. Пчиња повторно гори. Повторно чад. Повторно труење. Ова НЕ е инцидент, ова е системски неуспех“, велат од „Еко Пчиња“. Според реакцијата на граѓаните, проблемот се повторува со години. „Игнорирање. Неодговорност. Нула акција. Ова е директна закана за здравјето на луѓето“, стои во нивното обраќање до јавноста, при што побараа итна интервенција од Државниот инспекторат за животна средина и…

Повеќе

Екипите на „Македонски шуми“ и ТППЕ Куманово се сè уште на терен и вложуваат максимални напори за целосно гаснење на пожарот кој вчера околу пладне избувна во близина на акумулацијата Глажња во општина Липково. Кире Михаилов, заменик директор на претпријатието, упати сериозни обвинувања дека пожарот е намерно подметнат. Според него, доказите на терен се јасни. „Пожарот има зафатено две страни од широк прооден пат, што значи дека намерно е подметнат на двете страни, инаку нема никаква можност огнот да биде префрлен од едната на другата страна по природен пат“, изјави Михаилов. Тој се сомнева дека овој инцидент е директна одмазда…

Повеќе

Пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов Деко побара замена на мерката притвор со куќен притвор. Бранителот, адвокатката Ивана Коцевска, тврди дека здравствената состојба на нејзиниот клиент е сериозно влошена, што, според неа, го прави понатамошниот престој во затворски услови нехуман. „Мерката притвор не соодветствува со целта; ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење. Дејан денеска беше спроведен од болнички услови на судење со отворена рана по оперативен зафат“, изјави Коцевска пред судот во „Идризово“. Од друга страна, судијката Дијана Груевска Илиевски истакна дека судот е…

Повеќе