Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Бугарски играрии: Таткото осуден на 12 години затвор на ТВ во Бугарија ја брани ќерка му на која и се суди за сообраќајка во Кочани

    01.09.2026 во 14:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски ги предупреди авиокомпаниите: Деновите на безбедност на руското небо се завршени
    • Ограбен објект во изградба во Центар
    • Запалена врата од стан во Кисела Вода, приведен 50-годишен скопјанец
    • Вознемирена скопјанка се јавила во полиција: Мојот малолетен син е претепан од четири лица на автобуска постојка
    • Заземал плажа под заштита на УНЕСКО за да гради импровизиран мост: Кривична пријава за 47-годишник од Пештани
    • Жена прегазена во Куманово – возачот побегнал од местото на несреќата
    • Нови детали за мајката и ќерката кои починале од срцев удар во рок од еден час – Семејството неодамна доживеало уште една трагедија
    • „Сејф сити“ ги улови мотоциклистите – детектирани девет прекршоци уште првиот ден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски ги предупреди авиокомпаниите: Деновите на безбедност на руското небо се завршени

    Зеленски ги предупреди авиокомпаниите: Деновите на безбедност на руското небо се завршени

    01.09.2026 во 21:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати предупредување до сите меѓународни авиокомпании, осигурителни куќи и дипломатски претставништва дека рускиот воздушен простор станува целосно небезбеден поради зголемениот обем на украински беспилотни летала.

    Преку порака објавена на социјалната мрежа X, Зеленски нагласи дека Украина не цели кон цивилното воздухопловство, туку дека интензитетот на воените дејствија во воздухот нема да овозможи безбедно одвивање на цивилниот сообраќај над Русија.

    „Првите ракети и првите дронови пристигнаа од Русија, кои ја преминаа границата на нашата земја од рускиот воздушен простор. Оваа ескалација не може и нема да остане ограничена на територијата на Украина“, изјави Зеленски.

    Тој упати директен апел до компанијата кои сè уште оперираат на руските аеродроми, пред сè во Москва и Санкт Петербург, да ги земе предвид новите ризици.

    „Денес сакаме да ги предупредиме сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, сите осигурителни компании и сите што сè уште ги користат главните руски аеродроми: рускиот воздушен простор станува целосно небезбеден. Украина не ја загрозува цивилната авијација како таква – ниту еден цивилен авион. Едноставно ќе има беспилотни летала на руското небо во обем што ќе мора да се земе предвид. Иако руските власти не ги информираат луѓето за ова на соодветен начин, рускиот воздушен простор всушност ќе биде затворен – војната што ја започна Русија го затвора нејзиното небо“, истакна тој.

    Украинскиот претседател додаде дека целта на ова известување е спречување цивилни жртви и ги повика дипломатите да ги пренесат информациите до матичните земји.

    „Ние во Украина не сакаме невини луѓе да страдаат. Затоа ги предупредуваме нашите партнери: деновите на безбедност на руското небо се завршени. Важно е оваа порака да ја слушнат амбасадорите на земјите претставени овде во Украина, како и амбасадорите што работат во Москва. Секој од нив точно знае што значи руската војна за нашата земја и нашиот народ и мора да ги пренесе овие информации до своите главни градови“, порача Зеленски.

    На крајот, тој посочи дека украинското Министерство за надворешни работи и другите државни институции ќе достават детални извештаи до сите релевантни меѓународни организации.

    „Важно е авиокомпаниите што моментално летаат до аеродромите, првенствено во Москва, Санкт Петербург и други клучни дестинации во Русија, исто така да го слушнат ова. Министерството за надворешни работи на Украина и другите наши институции ќе им обезбедат на меѓународните организации сеопфатни информации за опасностите во рускиот воздушен простор. Небо полно со дронови не е место за цивилно воздухопловство“, заклучи Зеленски.

    Прочитај повеќе

    Нови детали за мајката и ќерката кои починале од срцев удар во рок од еден час – Семејството неодамна доживеало уште една трагедија

    01.09.2026 во 21:02

    Мајка и ќерка починаа само со еден час разлика од срцев удар: Заедно отпатувале на одмор во Црна Гора, а потоа се случила незамислива трагедија

    01.09.2026 во 20:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.