Author: Author 04

Американската администрација подготвува нова тарифна рамка за увоз на полупроводници, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник, додавајќи дека сите релевантни компании се свесни за претстојните мерки. „Она што ќе го видите е насочена и промислена тарифна политика која во суштина вели дека ако произведувате тука (во САД), не плаќате ништо, но ако не произведувате тука, очекувајте да платите за да влезете на најголемиот пазар во светот“, изјави Лутник за CNBC. Тој нагласи дека целта на оваа политика е да се пресели производството на чипови во Соединетите Американски Држави. Со оваа изјава, Лутник ги потврди изјавите на бриселската веб-страница Политико…

Повеќе

Мексикански државјанин е уапсен на аеродромот „Ханеда“ во Токио откако царинските службеници во неговиот куфер пронашле околу 200 гуштери спакувани во 22 пара чорапи и маици. Дваесет и тригодишниот Даниел Исак Веласко Балтазар е обвинет за обид за илегален увоз на влекачи во Јапонија од Јужна Кореја без потребните пријави и дозволи. Токиската полиција соопшти дека осомничениот веќе го признал делото, потврдувајќи дека ги увезувал животните без соодветна документација. При отворањето на куферот, еден од гуштерите бил пронајден мртов. Во пратката имало и девет мексикански алигаторски гуштери, вид што живее исклучиво во планинските шуми на Мексико и бара специјална владина…

Повеќе

Највисока максимална температура во земјава денеска е измерена во Гевгелија со 36.9 степени, по што следуваат Демир Капија со 36.6, како и Велес и Кавадарци со по 36.3 степени, покажуваат официјалните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според измерените температури во 17 часот, најтопло било на мерната станица Зајчев Рид со 35.0 степени, Штип и Демир Капија со 34.9, Велес со 34.2 и Кавадарци со 34.0 степени. Спротивно на ова, во Струмица попладнево е регистриран пад на температурата до 21.3 степени во 17 часот, иако претходно дневниот максимум достигнал 35.1 степен. Најниски максимални температури денеска се измерени на планинските…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, потпиша меморандум за соработка меѓу Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“, со цел обединување на професионалната експертиза и институционалните капацитети во функција на здравјето и правилниот развој на децата. Во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, во основните училишта во општината ќе се организираат предавања и стручни активности за учениците, со фокус на правилното држење на телото, правилното носење на училишната чанта и важноста на физичката активност за нивното здравје и развој. „Сакаме грижата за здравјето на децата да започне пред да се појави проблемот. Покрај знаењето што го стекнуваат во училишните клупи, важно е…

Повеќе

Вчера во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Ф.Д.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 21-годишна жена дека во семејниот дом физички ја нападнал, а подоцна ја однел во шумски предел во скопско, каде што ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 20:29 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош при ЈЗУ „Здравствен дом“ – Крива Паланка е пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен Ч.В.(63) од село Кркља, кривопаланечко. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи на фарма во село во општина Ранковце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за појава на локална нестабилност на временските прилики во неколку региони низ државата. Според соопштенијата од УХМР, нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на суградица е регистрирана западно од Крушево. Пороен дожд, засилен ветер и грмежи во моментов има и во околината на Струмица, како и во подрачјето јужно од Берово. Претходно, временска нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи беше забележана во Струмица, источно од Берово и југозападно од Кичево.

Повеќе

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против А.Ј.(20) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.04.2026 на експресниот пат с.Тркање – с.Спанчево, пријавениот преку прозорец на патничкото возило „фолксваген голф“, кое го управувал, вперил пиштол кон товарно возило „форд“, управувано од Р.Б.(61) од с.Челопек, општина Брвеница.

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, утре (четврток, 3 септември) ќе присуствува на официјална промоција на нови комунални возила. Настанот е закажан за 11:00 часот, а ќе се одржи на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Повеќе

Пожарникарите го ставија под делумна контрола пожарот меѓу штипските села Пухче и Селце, каде што синоќа беа спасени викенд-куќи од опожарување. Борбата со огнената стихија продолжува на еден критичен крак кон селото Селце на планината Серта. Командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов, ја објасни состојбата на теренот од изминатата ноќ и очекувањата за денешниот ден. „Имаме уште еден крак каде што е критичен према селото Селце, но се надевам дека денес ќе ни послужи и времето, значит ќе биде поладно, ќе нема многу ветрови, да можеме да го ставиме и тој крак од огнот под контрола. Инаку огнот синоќа се закануваше…

Повеќе