- ВИДЕО+ФОТО: Носел златен накит вреден 1,5 милиони денари – Царината со богата заплена
- Манасков: СДСМ нуди бесплатен факултет и ваучери од 2.000 евра за секој матурант
- Стојаноски: Создадени се 17.000 нови работни места, Македонија забрзува
- АХВ спречи увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил заради птичји грип
- Масовен напад со украински дронови врз Москва: Запалена најголемата рафинерија на „Газпром Нефт“
- Драма во Македонија: Три деца најдени во бесознание на улица
- Поранешната министерка Мери Младеновска-Ѓорѓиевска одликувана со орден од италијанскиот претседател Матарела
- Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад
Author: Author 04
Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени на Изборниот законик, усогласени со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што формираната работна група веќе одржала неколку состаноци и усвоила значаен дел од предложените решенија. „Процесот е активен, транспарентен и насочен кон консензус. Консултациите со институциите и граѓанскиот…
На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза. Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и структурирана идни партнерска интеракција. Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, унапредувањето на институционалните и административните капацитети, како и размената на искуства и добри практики во насока на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги оцени изборните резултати во Бугарија како очекувани и најави дека со идниот премиер, кој се очекува да биде Румен Радев, ќе се трага по нови решенија за надминување на билатералниот спор кој ги кочи македонските евроинтеграции. Во изјава за медиумите, претседателката потенцираше дека иако со Радев имаат различни ставови, меѓу нив постои взаемна почит и подготвеност за разговор. „Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за многу работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение“, рече Сиљановска-Давкова. Според неа, актуелниот глобален безбедносен контекст и…
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) покрена обвинение против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако биолошките вештачења недвосмислено го поврзаа него со парите пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Клучниот доказ што го потврдува сомнежот е пронајдената ДНК на судијата на материјалите, конкретно на алуминиумската фолија со која биле обвиени пакетите пари. Обвинителката Хаџи Василева истакна дека истрагата собрала непобитни материјални докази дека Ристов лично ги манипулирал и ги сокрил вкупно 350.000 евра, кои претходно не биле пријавени во неговиот анкетен лист. „Со вештачењето на биолошките траги утврдивме дека токму обвинетиот е лицето што ги…
Со сведочењето на Александар Јосифов, кој во периодот од 2017 до 2021 година ја извршувал функцијата главен секретар на Општина Кочани, денеска во „Идризово“ продолжи судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Јосифов пред судот говореше за начинот на функционирање на општинската администрација и инспекциските служби во критичниот период. Клучен момент во неговото сведочење беше тврдењето дека во тој временски интервал, иако во општината дејствувале три инспекциски служби – комунална, за животна средина и градежен инспекторат, не постоела позиција раководител на инспекциските служби. Сведокот појасни дека неговата улога како секретар била организациска и логистичка, како што е одобрувањето налози за…
Денешното судско рочиште за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше прекинато поради влошената здравствена состојба на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко. Откако неговата одбрана побара замена на мерката притвор со куќен притвор, на првообвинетиот му се слоши, по што беше повикана екипа на Итна медицинска помош. Адвокатката на обвинетиот, Коцевска, јавно алармираше дека Јованов неодамна бил подложен на втора хируршка интервенција поради инфекција и дека е спроведен на судење во исклучително тешка состојба. „Тој денеска на најнехуман начин беше спроведен директно од болница на судење, иако во таква состојба треба да биде хоспитализиран. Неговата рана е отворена и подложна…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 ден/кг и сега ќе изнесува 46,288 ден/кг.Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените…
Иран од сабота, 18 април, почна со постепено отворање на својот воздушен простор, овозможувајќи повторно користење на транзитните летови низ источните коридори од земјата. Оваа одлука, која стапи на сила во 7:00 часот по локално време, доаѓа по детални безбедносни проценки и цивилно-воена координација. Според податоците од порталот за следење летови Flightradar24, првите меѓународни авиокомпании веќе почнаа да ги користат новоотворените рути, што укажува на почеток на нормализација на сообраќајот над овој стратешки регион. Сепак, иранските власти задржаа значителни ограничувања. Западниот дел од воздушниот простор, вклучително и клучната област околу Техеран, останува затворен, што значи дека најдиректните рути меѓу Европа…
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари работна посета на Преспанскиот Регион, при што изврши увид во реализацијата на значајни капитални проекти во областа на културното наследство. Посетата започна во селото Љубојно, каде што е во напредна фаза проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во мултимедијален центар за промоција на македонскиот јазик, инвестиција вредна 20 милиони денари, обезбедени од Министерството. „Со конкретни инвестиции покажуваме дека грижата за културното наследство не е декларативна, туку реална и видлива. Љубојно добива нов современ центар кој ќе го афирмира македонскиот јазик и ќе донесе нов живот и развој за целиот регион“,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.З.(76) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда’’. На 20.01.2026 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа, иформираа од МВР.
