Author: Author 04

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес. М.А. во 17:30 часот го управувал патничкото возило на автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица „Сопот“ во близина на Велес го запреле полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, затоа што возел во спротивна насока на автопат. Како што информираа попладнево од СВР Велес, при сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал 81 годишниот , М.А.…

Повеќе

На 17.04.2026 во периодот од 22:50 часот до 00:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршија претрес во просториите на правно лице за производство на масло од канабис во с.Вевчани. При претресот, во контејнер за комунален отпад во дворот, во голема најлонска ќеса пронајдена е марихуана.   По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека се привршува процесот на консултации околу новиот закон за високо образование. При денешната посета на Технолошко-металуршкиот факултет, таа истакна дека ќе се одржи уште еден последен состанок со заинтересирана група, по што текстот на законот ќе влезе во официјална владина процедура. Министерката потврди дека суштинскиот дел од работата на текстот е завршен, но Владата останува отворена за финални забелешки од засегнатите страни. „Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што значи потреба законодавството да го провери уште еднаш законот,…

Повеќе

Европскиот пазар на возила бележи силен тренд на електрификација, директно поттикнат од нестабилноста на енергетскиот пазар. Во текот на март, продажбата на електрични возила (ЕВ) на континентот пораснала за 51 отсто, како директна последица од растот на цените на горивата предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток. Според податоците на аналитичките куќи „New AutoMotive“ и „E-Mobility Europe“, во март се регистрирани 224.000 нови електрични возила. Овој позитивен тренд се потврдува и со резултатите од првиот квартал на 2026 година, кога се регистрирани околу 500.000 возила, што претставува пораст од 33,5 отсто во споредба со истиот период минатата година. Аналитичарите, како што…

Повеќе

Граѓаните треба да се подготват за значителна промена на временските услови почнувајќи од вечерашните часови. Според најавите на метеорологот Славчо Попоски, територијата на државата е под влијание на студен атмосферски фронт кој пристигнува од север. Овој фронт, според анализите, ќе предизвика нагла и голема промена на времето во текот на ноќта, продолжувајќи во вторник, на 21 април 2026 година. „Од север полека ни надоаѓа најавениот ладен атмосферски фронт. Многу добро знаете дека токму овој ладен атмосферски фронт од север ќе ни донесе нагла и голема промена на времето уште оваа ноќ кон утрешниот ден вторник“, информира Попоски. Се очекува наглиот…

Повеќе

Лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот. На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг,…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за динамиката на спроведувањето на реформската агенда. По средбата во Владата, премиерот преку својот профил на Фејсбук порача дека процесот бележи видлив напредок. „Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати“, напиша Мицкоски. Според премиерот, владините институции го забрзале темпото на работа во клучните области, при што некои од планираните чекори се веќе финализирани, додека други се реализираат пред предвидените рокови. „Во изминатиот период го забрзавме спроведувањето во сите клучни области. Неколку чекори се веќе целосно…

Повеќе

На денешното рочиште во судницата во „Идризово“ за пожарот во дискотеката „Пулс“, сведокот Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани, пред судот појасни дека како општински секретар немал законска надлежност за контрола на инспекциските служби. Тој истакна дека од 2023 година е назначен за главен инспектор, кога било формирано посебно одделение кое ги опфаќа сообраќајната, комуналната, градежната инспекција и инспекцијата за животна средина. На прашањето кој е надлежен за контрола кога нема раководител на одделението, Ананиев посочи кон првиот човек на општината: „Функционира така што тој што е избран, градоначалникот“, рече сведокот. Ананиев додаде дека годишните планови за редовни и вонредни…

Повеќе

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против апелацискиот судија Ѓоко Ристов за противправно стекнување имот и перење пари. Обвинителите Искра Хаџивасилева и Ислам Абази на брифинг со новинарите истакнаа дека истрагата успеала да ги демантира сите тврдења на одбраната кои се менувале во текот на постапката – од тоа дека парите потекнуваат од продажба на лозје, до оправдување дека судијата штедел. Според обвинителите, нема дилема дека судијата Ристов е лицето кое ги криело 350.000 евра пронајдени во куќата на неговите родители. „Обвинителството низ доказите коишто ги собираше, практично, до последниот ден од истрагата просто ќе успее да…

Повеќе

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и…

Повеќе