Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Во изминатите 12 години во ЈП „Комунална хигиена“ биле набавени само 10 возила, денес за само една година се набавуваат повеќе од 30 нови возила

    Стефковски: Во изминатите 12 години во ЈП „Комунална хигиена“ биле набавени само 10 возила, денес за само една година се набавуваат повеќе од 30 нови возила

    03.09.2026 во 12:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, изрази задоволство од денешната набавка на повеќе од 30 нови возила за ЈП „Комунална хигиена“, истакнувајќи дека со овој чекор се воспоставува модерен и ефикасен систем за одржување на хигиената во Скопје.

    Стефковски направи споредба со изминатиот период, посочувајќи дека за 12 години биле набавени само 10 возила, додека сега, за една година со поддршка од Владата и новото раководство на Градот Скопје, возниот парк значително се обновува.

    „Тоа не се само бројки. Тоа се нови капацитети. Тоа значи подобра услуга и почист град. Од целосно девастиран систем, со посветена работа, сериозен пристап и силна институционална поддршка, системот повторно се става во функција“, изјави Стефковски.

    Тој нагласи дека проектот е од посебна важност за жителите на Гази Баба и најави дека наскоро ќе бидат промовирани уште пет нови возила и 3.300 нови контејнери кои ги набавува Градот Скопје.

    Градоначалникот упати благодарност до Владата, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, Градот Скопје, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и Светска банка за поддршката во реализацијата на овој проект.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.