Author: Author 04

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во Блед, Словенија, каде што учествува на овогодинешниот Бледски стратешки форум. На настанот, кој се одржува под мотото „Моќта да ја обликуваме иднината“, Муцунски ќе се обрати на една од клучните панел-дискусии. „Овогодинешниот форум се одржува под мотото ‘Моќта да ја обликуваме иднината’ и претставува важна платформа за размена на ставови за иднината на регионот, Европа и светот. Во рамките на форумот ќе бидам говорник на панел-дискусијата ‘Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување’, посветена на геополитичките трансформации што ги редефинираат…

Повеќе

Највисока температура во државата во 14:00 часот (12:00 UTC) е измерена на мерната станица Зајчев Рид со 36,2 степени, по што следи Скопје-Петровец со 36 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Високи температури се забележани и во Велес со 35,8 степени, Куманово со 35,4, Штип со 35,2, како и во Кавадарци (34,6°C), Гевгелија (34,5°C) и Демир Капија (34,5°C). Според официјалните податоци, во Струмица се измерени 33,6 степени, во Битола 32,6, во Тополчани 32,1, во Виница 32, а во Тетово 31,9 степени. Најсвежо во 14 часот било на Попова Шапка, каде што се измерени 21,6 степени Целзиусови, по што…

Повеќе

На територијата на државата денеска, 31.08.2026 година, до 13:00 часот беа регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, соопштија од Центарот за управување со кризи. Според последниот извештај, 9 пожари се сè уште активни, 3 се ставени под контрола, додека 1 е целосно изгаснат. Активните жаришта во моментот се наоѓаат на следните локации: Под контрола на противпожарните екипи се ставени 3 пожари, и тоа на подрачјето на општините Гостивар и Македонски Брод кај с. Трново кон селата Битово, Заград и Страјане, кај с. Драгов Дол во општина Македонски Брод, како и пожарот на градската депонија Острец во Делчево. Во изминатиот…

Повеќе

Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Општина Аеродром за првпат доби термофасада, со што значително ќе се подобрат енергетската ефикасност и условите за престој на децата.Инвестицијата е реализирана со донација од ТИТАН Усје, како продолжение на долгогодишната соработка на компанијата со локалната заедница во унапредувањето на образовната инфраструктура. Со оваа инвестиција ќе се овозможи подобра топлинска изолација, намалување на трошоците за загревање во зимскиот период и попријатна температура во просториите во текот на топлите летни денови.Истовремено, објектот добива посовремен изглед и подобри услови за секојдневен престој и развој на децата. Главниот извршен директор на ТИТАН Усје, Константинос…

Повеќе

Дел од корисниците во општините Аеродром и Центар утре, 1 септември 2026 година, ќе останат без снабдување со електрична енергија поради планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа. Во општина Аеродром, во периодот од 08:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците од дел од улицата „Тодор Чангов“ (спроти ресторанот Рагуза), дел од улицата „Бранко Гапо“, како и на улицата „Тодор Чангов 17“. Во општина Центар, од 08:30 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат потрошувачите на дел од улицата „1732“, објектите во Градскиот парк кај тениското игралиште „Југ“, рестораните „Уранија“, „Маракана“ и „Вршац“, како и Кајакарскиот…

Повеќе

СДСМ и Венко Филипче шират паника за идејата за изградба на дата центри, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на Извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека опозицијата треба да направи јасна разлика помеѓу приватните и државниот национален дата центар. „Прво, Филипче и неговото актуелно раководство во СДС треба да направат разлика помеѓу приватни дата центри и државен национален дата центар. Второ, Филипче е последен кој може да се грижи за интересите на граѓаните и нивниот квалитет на живот“, рече Лефков. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, изградбата на ваков објект претставува обврска што произлегува од Реформската агенда на…

Повеќе

Вчера во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип. Околу 13:55 часот во просторија за вработените на една од клиниките тој  одзел паричник и други предмети од вработената Т.Д.(56) од Скопје, која го затекнала во просторијата, а откако се обидела да го спречи во намерата, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 17:30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово. При сообраќајна контрола било  сопрено патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетникот, при што било утврдено дека го управувал без возачка дозвола. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка успешно извршија акција за спасување животно во селото Конопница. Интервенцијата следела по добиена дојава за куче коешто паднало во необезбеден бунар со длабочина од седум метри. На терен веднаш интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило, кои успеале безбедно да го извлечат малото кутре од длабокиот бунар. „Секој живот е вреден! Животот нема цена!“, порачаа од ТППЕ Крива Паланка по завршувањето на успешната акција.

Повеќе

Девет месеци по преземањето на функцијата, градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, сè уште нема обезбедено функционален и редовен јавен превоз за скопјани, обвини советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова. „Градоначалник, во предизборната кампања ветувавте квалитетен и целосно функционален јавен градски превоз, вклучително и обезбедување доволен број исправни автобуси и навремено движење согласно возниот ред. Во едно интервју рековте дека првиот чекор ќе ви биде темелна ревизија на работењето на ЈСП од страна на експерти. Јас до сега не сум видела резултати од таа ревизија“, рече Штерјова. Таа нагласи дека реалноста во ЈСП и натаму е далеку…

Повеќе