Author: Author 04

За време на мандатот на Кренар Лога како министер за правда, се достигне врвот на лицемерието, кога во Комисијата за правосудниот испит како заменик-член бил вклучен и Бујар Ахмети, (внукот) синот на братот на Али Ахмети. Значи, не само што власта била во нивни раце, туку и одлучувачките структури. И повторно, ниту еден чекор напред. Ниту волја. Ниту правда за албанските студенти. Ова повеќе не е прашање на заборав или негрижа. Ова е намерна исклучувачка политика, прикриена со празна патриотска реторика, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. „Со години, Министерството за правда беше раководено од албански имиња, од Блерим Беџети,…

Повеќе

Зголемен број на пациенти со симптоми на труење е регистриран во Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, откако граѓани побарале лекарска помош поради консумирање на велигденски јајца кои претходно биле варени за празникот. Најсериозен беше случајот со две жени на возраст од 62 и 56 години, кои биле медицински третирани во Итната помош. Информацијата ја потврди д-р Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци. „Едната пациентка беше задржана на болничко одделение во кавадаречката болница за понатамошно следење, додека втората, по неколкучасовен медицински третман, сама изрази желба да си оди дома бидејќи состојбата ѝ се подобри“,…

Повеќе

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, 21 април 2026 година, поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Студеничани и Карпош. Општина Студеничани: Општина Карпош:

Повеќе

Денес, 21 април, времето во земјата ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), постојат услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер од северозападен правец. Температурните вредности ќе се движат во интервалот од 3 до 9 степени за минималните, додека дневните температури ќе достигнат максимум од 14 до 21 степен. Во Скопје, во делови од котлината ќе има повремен дожд со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура во главниот град ќе се спушти…

Повеќе

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес. М.А. во 17:30 часот го управувал патничкото возило на автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица „Сопот“ во близина на Велес го запреле полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, затоа што возел во спротивна насока на автопат. Како што информираа попладнево од СВР Велес, при сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал 81 годишниот , М.А.…

Повеќе

На 17.04.2026 во периодот од 22:50 часот до 00:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршија претрес во просториите на правно лице за производство на масло од канабис во с.Вевчани. При претресот, во контејнер за комунален отпад во дворот, во голема најлонска ќеса пронајдена е марихуана.   По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека се привршува процесот на консултации околу новиот закон за високо образование. При денешната посета на Технолошко-металуршкиот факултет, таа истакна дека ќе се одржи уште еден последен состанок со заинтересирана група, по што текстот на законот ќе влезе во официјална владина процедура. Министерката потврди дека суштинскиот дел од работата на текстот е завршен, но Владата останува отворена за финални забелешки од засегнатите страни. „Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што значи потреба законодавството да го провери уште еднаш законот,…

Повеќе

Европскиот пазар на возила бележи силен тренд на електрификација, директно поттикнат од нестабилноста на енергетскиот пазар. Во текот на март, продажбата на електрични возила (ЕВ) на континентот пораснала за 51 отсто, како директна последица од растот на цените на горивата предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток. Според податоците на аналитичките куќи „New AutoMotive“ и „E-Mobility Europe“, во март се регистрирани 224.000 нови електрични возила. Овој позитивен тренд се потврдува и со резултатите од првиот квартал на 2026 година, кога се регистрирани околу 500.000 возила, што претставува пораст од 33,5 отсто во споредба со истиот период минатата година. Аналитичарите, како што…

Повеќе

Граѓаните треба да се подготват за значителна промена на временските услови почнувајќи од вечерашните часови. Според најавите на метеорологот Славчо Попоски, територијата на државата е под влијание на студен атмосферски фронт кој пристигнува од север. Овој фронт, според анализите, ќе предизвика нагла и голема промена на времето во текот на ноќта, продолжувајќи во вторник, на 21 април 2026 година. „Од север полека ни надоаѓа најавениот ладен атмосферски фронт. Многу добро знаете дека токму овој ладен атмосферски фронт од север ќе ни донесе нагла и голема промена на времето уште оваа ноќ кон утрешниот ден вторник“, информира Попоски. Се очекува наглиот…

Повеќе

Лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот. На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг,…

Повеќе