Close Menu
Press24
    Најново

    На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица

    01.11.2026 во 11:10

    Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази

    01.11.2026 во 11:05

    Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Предизвика протести кои го урнаа Вучиќ, судењето сѐ уште не е почнато

    01.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица
    • Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази
    • Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Предизвика протести кои го урнаа Вучиќ, судењето сѐ уште не е почнато
    • Раст на бројот на гласачи во Брвеница до 9 часот споредено со првиот круг
    • Втор круг од предвремените локални избори во Брвеница
    • Ќе врне цел ден, на места и пообилно
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бројот на жртви во поплавите во Непал надмина 1.000, се трага по илјадници исчезнати

    Бројот на жртви во поплавите во Непал надмина 1.000, се трага по илјадници исчезнати

    01.09.2026 во 18:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на загинати во катастрофалните поплави на границата со Тибет надмина 1.000 лица, соопшти непалската национална агенција за катастрофи, пренесува „Би-Би-Си“.

    Повеќе од 3.900 луѓе сè уште се водат како исчезнати, а меѓу нив се и над 600 работници за кои се верува дека се заробени во тунелите исполнети со кал во хидроцентрала покрај реката Тришули.

    Инженерите пумпаат воздух во тунелите, но семејствата на заробените реагираат дека тоа требало да се направи порано. Иако еден спасувачки тим успеа да влезе во еден од тунелите, се повлече откако во него не беше пронајдено ниедно лице.

    „Сакам да го најдеме. Сакам да можеше да се врати дома“, изјави Анушила Бандари, сопруга на исчезнат 33-годишен инженер.

    Непалскиот премиер Балендра Шах изјави дека од локациите досега се спасени 279 луѓе. Спасувачката операција ја води меѓународен тим од кинески и непалски воен персонал, а вклучени се и експерти од Индија, Кореја и Австралија.

    „Сè уште имам 50 проценти надеж дека е жив бидејќи внатре има систем за снабдување со кислород“, изјави Сита Пандеј, чиј сопруг работел во централата во моментот на поплавите.

    Оваа земја е силно зависна од хидроенергијата, а властите соопштија дека најмалку 11 вакви проекти се оштетени во поплавите.

    „Колку повеќе време поминува, толку повеќе нашата надеж бледнее. Оваа операција мора да биде многу побрза бидејќи секоја секунда е важна за нас“, изјави Џибан Кадка, чиј роднина е заробен во објектот.

    Премиерот Шах порача дека спасувачките операции се интензивираат и дека овој инцидент не е обичен настан.

    „Овој инцидент покажува дека ризиците со кои се соочуваме во хималајскиот регион се зголемуваат со климатските промени“, рече тој.

    Прочитај повеќе

    Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази

    01.11.2026 во 11:05

    Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Предизвика протести кои го урнаа Вучиќ, судењето сѐ уште не е почнато

    01.11.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.