- ВИДЕО+ФОТО: Носел златен накит вреден 1,5 милиони денари – Царината со богата заплена
- Манасков: СДСМ нуди бесплатен факултет и ваучери од 2.000 евра за секој матурант
- Стојаноски: Создадени се 17.000 нови работни места, Македонија забрзува
- АХВ спречи увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил заради птичји грип
- Масовен напад со украински дронови врз Москва: Запалена најголемата рафинерија на „Газпром Нефт“
- Драма во Македонија: Три деца најдени во бесознание на улица
- Поранешната министерка Мери Младеновска-Ѓорѓиевска одликувана со орден од италијанскиот претседател Матарела
- Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад
Author: Author 04
Поради застојот на транспортот на енергија преку Ормутскиот теснец, предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток, Европската унија презема итни чекори за да обезбеди континуитет во снабдувањето со авионско гориво. Според информациите на Блумберг, Европската комисија веќе во среда ќе го презентира предлогот за мерки, кои би можеле да стапат на сила уште во мај. Клучниот проблем лежи во податокот дека 40 отсто од горивото за авиони во ЕУ доаѓа од увоз, при што половина од тој обем минува токму низ критичниот Ормутски теснец. Што предвидува планот за ублажување на ризиците? Целта на овие мерки е да се обезбеди ефикасна дистрибуција…
На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој истакна дека Собранието се повеќе напредува и се демократизира за разлика од минатото и изрази очекување од новиот државен јавен обвинител за разоткривање на сите сторени криминали од опозицијата. „Последниот Закон за јавно обвинителство во Собранието е донесен во 2020 година во рамки на техничка влада, стасан во Собрание во 12, ставен во 13 на пленарна седница, во 14:15 на Комисија и ноќта во 2 часот со уцени се носел Законот за обвинителство, денес ние имаме 100 чекори напред, затоа треба да бидеме горди дека…
Десетина студенти се најдоа во „правен и финансиски ќорсокак“ откако Државниот просветен инспекторат утврди дека биле незаконски запишани на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, иако немале завршено соодветни додипломски студии, објави МКД.мк. Откако инспекторите констатираа неправилности и наложија поништување на уписите, студентите останаа без статус, но и без уплатените средства, кои за магистерски студии изнесуваат од 2 до 3 илјади евра, а за докторски и до 5-6 илјади евра.Студентите се обидуваат да ги добијат средствата назад, но од Деканатот на Филозофскиот факултет засега нема одговор. Поради ова, дел од засегнатите веќе ангажирале правна помош и најавуваат тужби.…
Висока делегација од Република Казахстан, предводена од Министерот за трговија и интеграција, Арман Шакалиев, денес оствари официјална посета на ТИРЗ Скопје, при што беше посетена и фабриката Џонсон Мети. Во рамки на посетата, делегацијата оствари работна средба со директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, на која се разговараше за можностите за интензивирање на економската соработка, привлекување на нови инвестиции и унапредување на билатералните односи. Димовски нагласи дека оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на економските односи меѓу двете земји и континуитет на веќе воспоставената соработка од јуни минатата година. Тој посочи дека дирекцијата за ТИРЗ и натаму останува…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на Сител Телевизија упати остра критика кон актуелната влада поради задолжувањето со „ултраскапи кредити“, истакнувајќи дека патот кон Европската Унија е единствениот начин за пристап до поволни неповратни средства. Според Филипче, суштината на отворањето на европските поглавја не е само политички процес, туку пред сè економска можност за граѓаните. „Што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги добиеме толку посакуваните европски фондови? Тоа значи пристап до структурните фондови во Европа, коишто значат од 50 до 80 проценти грантови, неповратни средства. Тука треба да се…
Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата. Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како…
Македонските возачи кои летово планираат да патуваат кон Грција мора сериозно да го проверат опремувањето на своите автомобили. Со стапувањето во сила на новиот Закон за сообраќај, нашиот јужен сосед воведува радикални измени и строги правила, чие непочитување ќе ве чини скапо. Најголема промена е воведувањето на нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022). Доколку вашиот сет не е во согласност со овој нов стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Новиот комплет, кој мора да содржи 16 клучни артикли (вклучувајќи термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски), чини околу 31 евро, што е значително поскапо од досегашните…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголеми за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 2,939 ден/кг и сега изнесува 46,288 ден/кг. Од 21.4.2026 година од 00:01 часот…
Поради прекинот на глобалните испораки на нафта предизвикан од војната на Блискиот Исток (меѓу САД, Израел и Иран), патниците во Европа наскоро би можеле да се соочат со значително поскапи авионски билети. Според најновата анализа на „Европската федерација за транспорт и животна средина“ (T&E), трошоците за гориво по патник се веќе во пораст. Според податоците на T&E, просечната цена на горивото по патник на летовите на долги релации кои заминуваат од Европа е зголемена за 88 евра, додека за летовите во рамките на европскиот континент, зголемувањето изнесува 29 евра. Анализата ги споредува цените од минатата недела со оние пред почетокот…
Светскиот пазар на нафта утрово бележи благ тренд на намалување, што претставува продолжување на процесот на стабилизација по неодамнешните остри ценовни скокови предизвикани од ескалацијата на геополитичките тензии. Референтната северноморска нафта „Брент“ моментално се тргува по цена од околу 94,5 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта се движи околу 88 долари. Ова претставува пад од приближно еден отсто во споредба со претходниот трговски ден. Аналитичарите посочуваат дека ваквата корекција е директна реакција на сигналите за можно ублажување на конфликтите на Блискиот Исток, како и на најавите за можни преговори меѓу клучните глобални актери. Намалениот страв од прекини во синџирите…
