- ВИДЕО+ФОТО: Носел златен накит вреден 1,5 милиони денари – Царината со богата заплена
- Манасков: СДСМ нуди бесплатен факултет и ваучери од 2.000 евра за секој матурант
- Стојаноски: Создадени се 17.000 нови работни места, Македонија забрзува
- АХВ спречи увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил заради птичји грип
- Масовен напад со украински дронови врз Москва: Запалена најголемата рафинерија на „Газпром Нефт“
- Драма во Македонија: Три деца најдени во бесознание на улица
- Поранешната министерка Мери Младеновска-Ѓорѓиевска одликувана со орден од италијанскиот претседател Матарела
- Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад
Author: Author 04
Детското одделение во Општата болница во Куманово изминатата недела се соочува со значителен наплив на пациенти. Лекарите известуваат за алармантна бројка од околу 80 прегледи дневно, што претставува сериозен притисок врз педијатриските служби. Началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска, посочува дека иако обемот на работа е висок уште од септември, во последните денови е забележано нагло зголемување на бројот на деца кои бараат лекарска помош. „Од пред една недела ни е зголемен обемот на работа. Се јавуваат деца со респираторни инфекции, а имаме и хоспитализирани деца“, вели Арсовска. Според педијатрите, најголем дел од децата првично се третираат кај матичните лекари,…
Во Македонија не постои категорија на граѓани која е исклучена од здравственото осигурување, тврди директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Според него, законската рамка нуди сеопфатност, при што дури и лицата кои не остваруваат приходи се осигуруваат преку посебна програма на Министерството за здравство. Во моментов, во државата има вкупно 1.836.000 осигуреници, од кои 470.000 – или секој четврт граѓанин – се лица кои не остваруваат приходи. Кои се критериумите за осигурување? Клековски појасни како функционира системот за лицата без редовни примања: Директорот потенцираше дека државата ја презема одговорноста за оние кои не можат сами да се…
Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија дебарскиот регион од вчера попладне, на патните правци во овој дел од државата се евидентирани помали, но чести одрони од земја и камења. Надлежните апелираат до возачите за максимална претпазливост. Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта соопштија дека нивните екипи се постојано на терен со цел расчистување на коловозите и овозможување безбеден сообраќај. „Има помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од секцијата. Критични точки каде најчесто…
Со имплементацијата на новиот Закон за средно образование, годинава матурантите ќе полагаат три типа завршен испит: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, појасни дека промената се должи на разликите во наставните програми помеѓу гимназиското, стручното и уметничкото образование. „Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките училишта и овој пат материјалот што ќе го полагаат учениците ќе биде…
Денешниот 21 април носи специфична енергија за три хороскопски знаци. Поради позицијата на Месечината во знакот Рак, овие знаци ја чувствуваат поддршката од најблиските, што е клучен предуслов за нивниот денешен врв. Овој ден бара зголемена самодоверба, а за овие знаци, успехот е природен развој на настаните. Еве кои знаци денеска ќе бидат благословени со среќа: Овие знаци денеска ќе почувствуваат дека се во подобра форма отколку што очекувале, а со јасна визија, тие можат да го искористат овој транзит за долгорочни придобивки.
По задолжение на Директорот на Државниот просветен инспекторат, а по иницијатива доставена од деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, извршен е вонреден инспекциски надзор во однос на запишувањето студенти на втор и трет циклус студии со завршен прв циклус стручни студии. При надзорот се утврдени неправилности и отстапувања од законските и подзаконските прописи. Констатирано е дека дел од студентите биле запишани на втор и трет циклус студии без да ги исполнуваат условите, односно без завршен прв циклус академски студии со најмалку 240 ЕКТС кредити. Наместо тоа, тие поседувале 180 ЕКТС кредити од стручни студии, кои биле комбинирани со 60 ЕКТС…
Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово доби нова современа лабораториска опрема, набавена со поддршка од 12 милиони денари. Целта на овој проект, како што истакна Цветан Трипуновски, е да се зајакнат капацитетите за анализа на квалитетот и безбедноста на прехранбените производи. Според Трипуновски, оваа инвестиција е чекор кон модернизација на целиот систем за контрола на храната во државата. „Со поддршка од 12 милиони денари инвестиравме во современа лабораториска опрема за анализи на квалитет и безбедност на храната на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово. Придонесуваме во модернизација, создавање на систем кој гарантира…
За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,8 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во четири случаи беше спроведена предистражна кривична постапка од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги и беа поднесени кривични пријави против четири…
Министерството за образование и наука (МОН) ги заокружи преговорите за новиот закон за високото образование. Последната средба на оваа тема, министерката Весна Јаневска ја оствари со коалицискиот партнер „Вреди“, со што се отвори патот законот утре да биде проследен во владина процедура. Министерката Јаневска информираше дека биле разгледани шест точки, од кои пет биле веќе усогласени во текот на претходните дискусии, додека за последната – Хиршовиот индекс (h-index), било најдено конечно решение. Овој индекс, кој се користи за мерење на продуктивноста и влијанието на научните публикации, предизвика дебата за тоа дали треба да биде примарен критериум за академско напредување. „Имавме…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја отвори пленарната сесија на Регионалниот форум за одржлив развој на UNECE во Женева, каде настапува како ко-претседавач. Во услови на комплексни глобални предизвици, тој ја истакна неопходноста од забрзување на имплементацијата на Агендата 2030. Муцунски преку својот профил на Фејсбук порача дека со оглед на краткиот рок до 2030 година, неопходно е да се делува побрзо и поорганизирано. „Со помалку од пет години до 2030 година, клучно е да се делува побрзо, попаметно и заедно, со конкретни и координирани активности што ќе дадат резултати“, напиша министерот. Според него, еден…
