Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент на Тетовскиот универзитет: Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на деканот
    • „Внуката исчезна“ – загрижен дедо пријавил во СВР Битола
    • Јаневска: Подготвуваме препораки за здрава исхрана на учениците
    • Ѓорѓиевски во посета на Карпош: Дивата депонија се претвора во нов мега-парк од 86.000 квадрати
    • СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра
    • Сончево и топло до крајот на неделата – за викендот вистински пресврт
    • Акција на полицијата за време на кошаркарски натпревар во Аеродром: Фатени лица со пиротехника
    • Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата го крие долгот на ЈПДП

    СДСМ: Владата го крие долгот на ЈПДП

    04.09.2026 во 09:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации, стои во соопштението од СДСМ. 

    „СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги.

    1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП).

    Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг.

    Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. 

    Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра.

    Значи со фингирани табели мафта Кочовска.

    Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот. 

    Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг. 

    Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата.

    2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага.

    Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година?

    Вистината е сосема спротивна. 

    Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување. 

    Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори. 

    Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра

    07.10.2026 во 16:38

    Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

    07.10.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.