- Од Лондон до Даблин: Муцунски во серија дипломатски посети, фокус на трговијата и извозот
- Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме
- Гледал ТВ па фатил автобус и ги запалил возилата кај Бугарска амбасада – Го има Путин истетовирано на стомакот
- Ќе нема струја до 15 часот – Прекини на електричната енергија низ Скопје
- Над 400 нови работни места – Мицкоски ќе претстави нова инвестиција
- Институциите и младите обединети против насилството – Потпишување Декларација во Скопје
- Предлозите за статусот на судските и обвинителските службеници пред Собранието
- Денеска сонце и 34 степени, па невреме – УХМР со метео предупредување за утре
Author: Author 04
По задолжение на Директорот на Државниот просветен инспекторат, а по иницијатива доставена од деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, извршен е вонреден инспекциски надзор во однос на запишувањето студенти на втор и трет циклус студии со завршен прв циклус стручни студии. При надзорот се утврдени неправилности и отстапувања од законските и подзаконските прописи. Констатирано е дека дел од студентите биле запишани на втор и трет циклус студии без да ги исполнуваат условите, односно без завршен прв циклус академски студии со најмалку 240 ЕКТС кредити. Наместо тоа, тие поседувале 180 ЕКТС кредити од стручни студии, кои биле комбинирани со 60 ЕКТС…
Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово доби нова современа лабораториска опрема, набавена со поддршка од 12 милиони денари. Целта на овој проект, како што истакна Цветан Трипуновски, е да се зајакнат капацитетите за анализа на квалитетот и безбедноста на прехранбените производи. Според Трипуновски, оваа инвестиција е чекор кон модернизација на целиот систем за контрола на храната во државата. „Со поддршка од 12 милиони денари инвестиравме во современа лабораториска опрема за анализи на квалитет и безбедност на храната на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово. Придонесуваме во модернизација, создавање на систем кој гарантира…
За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,8 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во четири случаи беше спроведена предистражна кривична постапка од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги и беа поднесени кривични пријави против четири…
Министерството за образование и наука (МОН) ги заокружи преговорите за новиот закон за високото образование. Последната средба на оваа тема, министерката Весна Јаневска ја оствари со коалицискиот партнер „Вреди“, со што се отвори патот законот утре да биде проследен во владина процедура. Министерката Јаневска информираше дека биле разгледани шест точки, од кои пет биле веќе усогласени во текот на претходните дискусии, додека за последната – Хиршовиот индекс (h-index), било најдено конечно решение. Овој индекс, кој се користи за мерење на продуктивноста и влијанието на научните публикации, предизвика дебата за тоа дали треба да биде примарен критериум за академско напредување. „Имавме…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја отвори пленарната сесија на Регионалниот форум за одржлив развој на UNECE во Женева, каде настапува како ко-претседавач. Во услови на комплексни глобални предизвици, тој ја истакна неопходноста од забрзување на имплементацијата на Агендата 2030. Муцунски преку својот профил на Фејсбук порача дека со оглед на краткиот рок до 2030 година, неопходно е да се делува побрзо и поорганизирано. „Со помалку од пет години до 2030 година, клучно е да се делува побрзо, попаметно и заедно, со конкретни и координирани активности што ќе дадат резултати“, напиша министерот. Според него, еден…
Илјадници жители во романскиот главен град Букурешт се соочуваат со прекин во снабдувањето со топла вода, откако силна експлозија доцна во понеделникот предизвика голем пожар во термоцентралата „CET București Vest“. Инцидентот бил видлив од далечина од неколку километри, а огнот ја зафатил инфраструктурата која ги опслужува секторите 1, 5 и 6. Според првичните информации, повеќе од 3.000 станбени блокови останаа без топла вода како резултат на оштетувањата на капацитетите на централата. Екипите на противпожарната служба интервенирале брзо, при што пожарот бил изгаснат по околу три часа интензивна борба со пламените јазици. И покрај тоа што огнот е ставен под контрола,…
На 31-годишна возраст, ненадејно почина бразилскиот модел и „кралица на убавината“, Мајара Кристина де Лима Фиел. Како што објави „The Sun“, таа била пронајдена во несвест во својот дом во саботата околу 23:30 часот, а според извештаите, причина за смртта е срцев удар. И покрај брзата интервенција на итните служби, кои повеќе од еден час се обидуваа да ја оживеат, спасот не бил можен. Според информациите, таа немала позната историја на здравствени проблеми. Зад себе ги остави сопругот и синот. Мајара, која минатата година ја освои титулата Мис Лондрина и беше прва второпласирана на изборот за Мис Саранди, интензивно се…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за промена на временските услови под влијание на циклонска активност. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат пообилни врнежи од дожд, кои на одредени места ќе надминат 30 l/m². Според прогнозата за утре, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во западните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје се очекува променливо облачно време со дожд и слаб до умерен северен ветер. Периодот до четврток ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе…
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со обвинувања дека раководството на СДС, предводено од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, се ставило во служба на српската опозиција. Членот на ЦК на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција истакна дека партијата станала „маргинална“ поради лични интереси. Според Манасиевски, „Димитријевиќ и СДС се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална партија во Македонија поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ“. Тој тврди дека генералниот секретар на СДС остварил средба со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија, кој според неговите зборови, дошол во Македонија со цел да оформи опозициски фронт за заедничка…
Македонската јавност и медиумската заедница се во тага. Заминувањето на Гордана Дувњак е огромна загуба за новинарската фела, но уште поголема за оние кои во неа гледаа искрен пријател, ментор и професионалец со интегритет. Социјалните мрежи се преплавени со пораки на сочувство и сеќавања на една жена која, како што велат колегите, беше „дефиниција за борец“.Јанаки Митровски се потсети на нивната соработка во „Фокус“, нагласувајќи ја нејзината уредничка етика: Имавме одлична соработка додека беше главен и одговорен уредник на Фокус. Константна поддршка и нула цензура. Нека почива во мир, штета, премлада заминува, сочустбо до семејстбото.Александар Методијев, пак, ја потенцира нејзината…
