Author: Author 04

Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе пакет одлуки со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона. Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на Министерството за економија и труд во соработка со Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените на ѓубривата на домашниот пазар во трговијата на големо и трговијата на мало во периодот февруари-април 2026 годинана и за движењето на увозните…

Повеќе

Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.04.2026 во Дебар, каде што престојувала со сегашен вонбрачен партнер, откако излегла од угостителски објект на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В., кое го управувало друго лице, по што отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село. Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.04.2026, а поранешниот партнер извршил обљуба врз неа и физички ја малтретирал. На 20.04.2026 околу 19:30 часот таа успеала да побегне и случајот го пријавила. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по…

Повеќе

Лишени од слобода четири лица, а со едно извршен службен разговор, вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 20.04.2026 во 22:45 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од пехчевско село пријавила дека на 19.04.2026 околу 20:30 часот во нејзиниот двор во селото, нејзиниот поранешен сопруг М.М.(42) од истото село физички ја нападнал неа и нивната 16-годишна ќерка. На 20.04.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 21:00 часот, по претходна вербална расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ц.. На 20.04.2026 во 23:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во…

Повеќе

Вчера во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(40) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Црногорската јавност е потресена од тројното убиство што се случило во подгоричката населба Стар Аеродром. Полицијата потврди дека во изнајмен стан се пронајдени три безживотни тела на машки лица. Според првичните информации, меѓу убиените се браќата од Рожаје, 28-годишниот Денис Хот и 27-годишниот Незрин Хот. Истражните органи интензивно трагаат по Вехид Муриќ од Рожаје, кој е првоосомничен за овој грозоморен чин. Според полициските соопштенија, жртвите и осомничениот биле пријатели кои заедно престојувале во Подгорица поради работа на градилиште. Се верува дека убиството, извршено со ладно оружје, е резултат на лични расправии, а не на пресметка меѓу криминални групи. Истрагата откри…

Повеќе

Во Основниот суд во Штип денеска се слушнаа завршните зборови во случајот со убиството на 79-годишната Борјанка Николова, чие тело беше пронајдено закопано во дворот на обвинетиот Денис Асанов (74). Додека обвинителката Александра Здравкова-Стојанова побара максимална казна за, како што рече, „монструозното убиство“, одбраната инсистира на ослободителна пресуда. Обвинителството во своите завршни зборови го опиша чинот како грозоморен. Според обвинителката, Асанов со остар предмет ѝ ја отсекол главата и нозете на жртвата, трупот го закопал во својот двор, додека останатите делови од телото ги фрлил на непозната локација. Од друга страна, бранителката Елизабета Панева побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека доказите…

Повеќе

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле вкупно 1,5 милион денари во буџетот, откако било утврдено дека средствата ги зеле врз основа на неправилна пресметка на нивните плати. Секој од нив вратил по 500.000 денари, соопшти денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Клековски нагласи дека Фондот, покрај медицинската, континуирано спроведува и строга финансиска контрола на работењето на установите. „Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од речиси еден и пол милион денари“, изјави Клековски. Тој беше дециден дека ваквите појави на „самовреднување и самонаплата“ се недозволиви. Според…

Повеќе

Вчера околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(43) од с.Крушопек, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Б.М.(22) од Скопје, додека со телесни повреди возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Во текот на 19/20.04.2026 во Скопје во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.И.(35), Н.Ј.(21), М.Ц.(42), Ф.С.(27), 15-годишник и 17-годишник,  сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.    

Повеќе

Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.З.(57) од Скопје пријави дека околу 15:15 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Според пријавителот, неговиот син заедно со неколку другари наполниле балонче со вода и фрлиле кон лицето, кое управувало мотоцикл и го погодиле во задното тркало, по што лицето застанало и почнало да ги брка, го стигнал неговиот син и физички го нападнал, по што се обидел да прегази друг малолетник, но детето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе