- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Жално е да се гледа како ДУИ се препелка во сопствената кал. Имаа мандат во владите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вкупно цели 20 години, а освен гол популизам, нивните наводни остварувања за Албанците немаат никаква реална политичка тежина, се наведува во соопштенеиот од ВРЕДИ. „Сега излегуваат на виделина сите нивни манипулации. Наместо системски и долгорочно да ги решаваат прашањата за правата на Албанците тие ни оставија во наследство фалични алатки кои биле само параван за криминалното богатење на функционерите на ДУИ. Крајно потценувачки и многу ефтино изгледа тезата дека се почитува Охридскиот Рамковен договор, се исполнуваат ЕУ перспективите и се…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој предводи владина делегација во официјална посета на Австрија, денеска во Виена ќе оствари клучна средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер. Разговорите ќе се фокусираат на продлабочување на билатералните односи, како и на актуелните европски и регионални прашања. По средбата, двајцата лидери ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските комори од двете земји. На форумот ќе биде реафирмирана економската соработка, со посебен акцент на можностите за нови австриски инвестиции во македонското стопанство и продлабочување на врските меѓу компаниите. Во составот на владината делегација, покрај премиерот Мицкоски, се и вицепремиерот и министер за транспорт и…
Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, една од најтешките трагедии во поновата македонска историја, продолжува денеска во судницата во Идризово. Пред Судот ќе бидат изнесени нови искази на сведоци предложени од Обвинителството, со што продолжува доказната постапка. Трагедијата се случи на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група „ДНК“. Во огнената стихија животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, што го прави ова судење исклучително комплексно и значајно за јавноста. На претходното рочиште, вниманието беше насочено кон сведочењата на Ана Захариева, која кобната вечер била гостинка во дискотеката, како и…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник од СВР Тетово поради сомнение за фалсификување службена исправа. Како што информираат од МВР, станува збор за лицето Д.М., кое се товари за кривично дело по член 361 од Кривичниот законик. Според наводите, пријавениот во јуни 2019 година, постапувајќи по барање од адвокат од Тетово, изготвил службен документ за достапност на лице со невистинита содржина, без да изврши соодветни проверки на терен. Понатаму, за да го озваничи документот, тој го злоупотребил потписот на раководителот, внел несоодветен деловоднички број и го…
Денешниот ден носи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и југоисточните делови од државата. Временските услови ќе бидат проследени со умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 3 до 8 степени, додека дневниот максимум ќе достигне меѓу 10 и 15 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени. Периодот до крајот на неделата ќе…
Екипите на „Електродистрибуција“, во координирана акција со СВР Тетово, открија нелегално користење на електрична енергија во деловен комплекс лоциран на Попова Шапка. Како што информираат од компанијата, при увид е констатирано „противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар. Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2)“. За овој случај е составен соодветен записник, а поради сериозноста на прекршокот, поднесена е пријава до МВР според член 235-а од Кривичниот законик. Покрај правните последици, пресметана е и фактура за надомест на штета која изнесува 1.361.599,00 денари. „Електродистрибуција“ продолжува со интензивни теренски контроли со цел сузбивање на ваквите појави и заштита…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на „Македонија 2025“, предводени од главната извршна директорка на организацијата, Никица Мојсоска-Блажевски. Тие ја информираа претседателката за исходот од годинашниот конкурс за доделување на Признанието за особен придонес на истакнати личности од дијаспората. Сиљановска-Давкова го поздрави високиот квалитет на пријавените кандидати и принципиелниот избор на наградените, уважувајќи го нивниот реален придонес за државата. Таа ја прифати поканата, и годинава, во својство на покровителка да им ги врачи признанијата на добитниците, во рамките на свеченото отворање на традиционалниот Самит на „Македонија 2025“. Поради растечкиот интерес на дијаспората за враќање во земјава, но и за поттикнување на…
Со цел олеснување на увозот и непречено одвивање на процесите на царинење, Царинската управа, согласно своите законски надлежности започнува со етапно царинење на употребувани автомобили. Притоа ќе користи други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем до којшто, во светски рамки, е оневозможен пристап поради скорешен сајбер напад. Царинската управа е во комуникација со Групацијата Аутовиста и очекуваме во најскоро време да ги надминат техничките проблеми со кои се соочува електронскиот Шваке систем, по што како и досега ќе продолжиме да ги користиме податоците од системот при утврдување на вредноста на автомобилите. Воедно во комуникација сме со имателите на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати јасен ултиматум до иранските власти – доколку до среда вечерта не се постигне договор за продолжување на прекинот на огнот, американската војска ќе продолжи со нападите. Во телефонско интервју за CNBC, Трамп истакна дека нема намера да го продолжи примирјето. „Очекувам дека ќе бомбардираме, бидејќи мислам дека тоа е подобар пристап“, рече тој, додавајќи дека американската армија е подготвена да дејствува и се наоѓа во состојба на висока готовност. „Не сакам да го правам тоа. Немаме многу време, тие мора да преговараат“, потенцира претседателот. Трамп ги критикуваше иранските власти поради односот кон демонстрантите, обвинувајќи…
Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријавила дека претходниот ден добила закани по телефон кон неа и нејзиното малолетно дете од лицето Џ.„Н“ преку посредник. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, лицето посредник и на 18.04 дошло во продавницата во која што работела и пренело порака дека Џ.„Н“, инаку странец, барал таа да му ги врати 1.350 евра кои тој наводно и ги дал пред две години за набавка на лек за нејзиното малолетно дете. Се работи на расчистување на случајот.
