Author: Author 04

Во пресрет на официјалниот почеток на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со Антонио Николетти, градоначалник на италијанскиот град Матера. На средбата, како што информираше Ѓорѓиевски, се разговарало за потенцијалите на двата града, размената на искуства и поставувањето на темелите за идни партнерства кои треба да придонесат за развој на Скопје. Оваа средба се случува еден ден пред утрешниот голем меѓународен настан, кој ќе го означи официјалниот почеток на чествувањето на титулата Европска престолнина на културата. „Овој процес носи нова енергија, визија и трансформација – културна, дигитална и инфраструктурна,…

Повеќе

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција изнесе сериозни обвинувања кон раководството на СДС, тврдејќи дека партијата е директно вклучена во политички процеси во соседна Србија. Според него, генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба во Скопје со српски опозиционери со цел формирање на „опозициски фронт“ во Србија, под директни насоки на Зоран Заев и Зоран Башановиќ. Манасиевски посочи дека на средбата присуствувале Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ, за кој истакна дека е меѓународен секретар на српската СДС и еден од основачите на движењето „Отпор!“. „Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на…

Повеќе

Празничното расположение за 1 Мај 2026 година би можело да биде нарушено од невообичаено студено време. Метеорологот Славчо Попоски објави „разочарувачка“ временска прогноза која најавува драстична промена на времето непосредно пред и по првомајските празници. Според најавите, наместо пролетно сонце, нè очекуваат значително пониски температури од просечните за овој дел од годината. Попоски предупредува дека периодот околу 1 Мај ќе биде проследен со врнежи од дожд, но и од снег во одредени предели. „Разочарувачка метео информација и за 1 Мај 2026 како и за деновите по 1 Мај 2026. Невообичаено ладно време и врнежи од дожд и од снег. И…

Повеќе

Непријатно искуство за турист од Швајцарија во Скопје, откако за кратко возење од центарот на градот до Средно Водно му била наплатена енормна сума од 7.800 денари. Според пријавата во полицијата, 43-годишниот швајцарски државјанин бил шокиран од побараната сума, која е далеку од реалната цена за оваа релација. Кога туристот се обидел да реагира и да го оспори износот, возачот, наместо да ги појасни тарифите, станал агресивен кон него, по што го напуштил местото на настанот, пренесе ТВ Стар. Случајот е пријавен во надлежните органи. Од полицијата потврдуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на такси-возачот…

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.Х.(51) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот…

Повеќе

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани во моменти кога објектот веќе бил полн со гости, непосредно пред настапот на групата ДНК. Ова го истакна сведокот Теа Ѓорѓиева на денешното рочиште за трагичниот случај, изнесувајќи детали за атмосферата пред избувнувањето на пожарот. Ѓорѓиева, која во дискотеката пристигнала околу 1 часот по полноќ, раскажа дека со пријателите била сместена на маса директно пред бината. Таа забележала непознати лица како ги поставуваат пиротехничките направи. „Видов дека ги поставува, ама не знам кои беа. Не ми беа познати лицата. Беа како рогови, помали. Беа поставени доста блиску до нас, баш му кажав на…

Повеќе

Иако календарски сме длабоко во пролетта, зимата не ги напушта планинските предели. Утрово, жителите на Лазарополе беа изненадени од снежна покривка која се формираше во текот на ноќта, потсетувајќи дека времето во април знае да биде крајно непредвидливо. Снег падна во повисоките места, а фотографиите кои доаѓаат од Лазарополе покажуваат зимска идила која е невообичаена за овој период од годината.

Повеќе

Возачите кои се движат на патниот правец преку превојот Стража треба да бидат внимателни. На оваа делница има појава на снег. Иако патот е прооден и коловозот е чист, возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да го држат растојанието помеѓу возилата и да не прават нагли маневри. Доколку планирате патување на оваа релација, возете внимателно и следете ја сообраќајната сигнализација.

Повеќе

Сериозна сообраќајна незгода се случи предмалку на скопската обиколница, непосредно пред исклучувањето за Приштина. Камион се превртел на патот, што предизвика отежнато одвивање на сообраќајот на оваа делница. Екипи на Министерството за внатрешни работи веќе пристигнаа на местото на настанот и вршат увид. Во овој момент, сè уште нема официјални информации за причините кои довеле до превртувањето на тешкото возило, ниту дали има повредени лица во несреќата.

Повеќе

РЕсет платформата на „Реплек“ продолжува да ја шири својата инспиративна фитнес енергијаnниз земјава. Следна станица во рамки на серијата интерактивни активности е Штип, каде на 25 април, сабота, со почеток во 11.00 часот, во спортската сала на Државниот училиштен центар „Коле Нехтенин“, ќе се одржи осмото издание на настанот, со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало. Со засилувањето што ќе го добие од Бојана Ташков од Штип, настанот добива силна регионална компонента и нова мотивациска димензија.Настанот е дел од РЕсет платформата за добросостојба на „Реплек“, која континуирано реализира бесплатни активности и работилници со цел да поттикне ведар дух, здраво тело и…

Повеќе