- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Периодот по 25 април 2026 година астролошки се издвојува како исклучително поволен за финансиски раст и професионален напредок. Според анализите, доаѓа фаза која комбинира стабилност со брз моментум, што за одредени хороскопски знаци може да значи отворање на нови можности за заработка и кариерни пробиви. За разлика од хаотичните периоди, оваа фаза се оценува како продуктивна и стабилна, што сугерира дека новите шанси можат да доведат до долгорочни резултати. Астролозите издвојуваат пет знаци кои ќе почувствуваат најголема придобивка: Овој астролошки тренд укажува на тоа дека пред нас е период во кој комбинацијата на упорност, адаптација и смелост ќе биде соодветно…
„Во Собранието веќе е поднесен Предлог на закон за измена на Законот за пратеници. И тука повторно ќе се руши уште еден меур од сапуница, оние списоци кои ги објавуваа, па сега многу актуелни ги направија повторно со парламентарниве избори во Бугарија, дека добар дел од наши пратеници, функционери, се со двојни државјанства“, истакна Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија. Пратеничката Стојаноска се осврна на Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за пратеници кој веќе во Собрание е поднесен и се предлага воведување услов – пратеник да може…
Полицијата го расветли бруталното убиство на Милош Павловиќ (48) од областа Рума, чие исчезнување беше пријавено од неговиот брат по мајка. За тешкото кривично дело е осомничен 19-годишниот А. Ѓ., кој, според првичните сознанија на истрагата, не можел да ја прифати емотивната врска на својата мајка со жртвата. Истрагата покажала дека кобната ноќ на 19 април, по расправија и физичка пресметка, осомничениот со секира го убил Павловиќ. Со цел да ги прикрие трагите од злосторството, се верува дека следната ноќ го пренел телото во реонот на селото Хртковци, каде што го полеал со бензин и го запалил. Познаници на жртвата…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Бургас-Малко Трново, во близина на граничниот премин кон Турција, во која животот го загубија двајца патници, а најмалку 16 лица се здобија со повреди. Несреќата се случила кога украински автобус, кој превезувал 37 патници и двајца возачи, застанал поради недостаток на гориво. Според првичните информации, додека патниците излегувале од возилото и се собрале во неговата непосредна близина, автобусот неочекувано почнал да се движи наназад, при што удрил во групата луѓе и завршил во канал покрај патот. Истражителите ја објаснија хронологијата на инцидентот: „Возилото се расипало откако останало без гориво. Патниците излегле, но кратко…
Македонските возачи кои летово планираат да патуваат кон Грција мора сериозно да го проверат опремувањето на своите автомобили. Со стапувањето во сила на новиот Закон за сообраќај, нашиот јужен сосед воведува радикални измени и строги правила, чие непочитување ќе ве чини скапо. Најголема промена е воведувањето на нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022). Доколку вашиот сет не е во согласност со овој нов стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Новиот комплет, кој мора да содржи 16 клучни артикли (вклучувајќи термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски), чини околу 31 евро, што е значително поскапо од досегашните…
Аплаузите, восхитот и еуфоријата на СДС кон нивниот врховен лидер Заев, го засени роденденот на партијата и неговиот чирак Филипче, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Аплаузите, восхитот и еуфоријата на СДС кон нивниот врховен лидер Заев, го засени роденденот на партијата и неговиот чирак Филипче. Односот на лојалистите кон аболицираниот криминалец Заев, покажува дека немаат намера да се реформираат, немаат намера да расчистат со криминалот и корупцијата, туку напротив – да го штитат и оправдуваат. Додека искреното членство на СДС кое не сака функции, бара реформи и стабилизација на некогаш државотворната партија, Филипче и Заевите лојалисти продолжуваат и натаму…
Владата на Мицкоски вчера објави дека маржата на ѓубривата ќе биде ограничена до 31 мај. Оваа мерка е предоцна и премала. Нема да даде резултат. Најголемиот дел од земјоделците веќе влегоа длабоко во сезонските трошоци и купија ѓубрива по повисоки цени. Ограничувањето на маржата ќе има минимален ефект за нив, се вели во соопштението од СДСМ. „Додека светот најавува нова криза и глад, Мицкоски продолжува да раскажува бајки за „трета економија во Европа” Војната на Блискиот исток и нарушениот проток низ Хормускиот теснец ја открија длабоката ранливост на глобалниот прехранбен систем. Цените на ѓубривата веќе скокнаа за 26,2 %, цените…
Земјава е под влијание на променливо и нестабилно време. Во изминатото деноноќие регистрирани се значителни количини на воден талог, додека температурите утрово се задржаа на ниско ниво. Според мерењата на УХМР, најмногу дожд наврна во Маврови Анови – 48 литри на метар квадратен. Следуваат: Утрово е забележано значително заладување. Најстудено е на Попова Шапка со -2 степени, додека во Маврови Анови се измерени 0 степени. Во останатите градови температурите се движат од 1 во Крушево, до 8 степени во Скопје. Во текот на денот се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните…
Овен Денот носи посебна топлина во домот и во односите со најблиските. Може да почувствувате голема поддршка која ќе ви даде ветер во грб. Вашиот позитивен пристап е клучот што ќе ви помогне да се смирите и да уживате. Бик Комуникацијата денес е на високо ниво. Разговорот со блиска личност може да ви донесе големо олеснување или сосема нова перспектива на работите што ве мачеле. Денот е идеален за убави моменти преку зборови. Близнаци Фокусот денес е ставен на стабилноста и на практичните работи. Може да се појави можност што ќе ви помогне да се чувствувате многу посигурни во својата…
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави драстичен потег – до октомври оваа година ќе бидат откажани 20.000 кратки летови. Оваа одлука, која е директна последица на глобалната енергетска нестабилност, има за цел да ги намали трошоците и да се соочи со наглиот пораст на цените на горивото за авиони. Повеќето авиокомпании се наоѓаат во тешка ситуација поради нарушеното снабдување со нафта од Блискиот Исток, предизвикано од блокадата на Ормускиот теснец. Овој застој директно влијае врз залихите на керозин, што предизвикува алармантен пораст на цените на авионските билети за крајните корисници. Ситуацијата е критична, предупредуваат експертите. Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, неодамна…
