Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината
    • ГАЛЕРИЈА: Македонската полиција уапси 69 годишен маж – Имал цел арсенал оружје
    • Паднаа директорка и шефица во Државна лотарија – пронајдени злато и скапи брендирани чанти
    • ВРЕДИ прашува: Чиј е имотот од 335 илјади евра понуден за пасошот на Груби?
    • ФОТО: „Task Force“ во акција – Приведени три лица
    • ВИДЕО: Мечка уништо автомобил додека си го бранеше мечето
    • Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време
    • Танкер погоден со подводен дрон кај Сочи, гори многу нафта во Црното Море
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЈПДП: Мостот на Маркова Река саниран пред предвидениот рок, од утре се пушта во целосна функција

    ЈПДП: Мостот на Маркова Река саниран пред предвидениот рок, од утре се пушта во целосна функција

    04.09.2026 во 16:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното претпријатие за државни патишта ги известува граѓаните на Кисела Вода, поточно граѓаните коишто гравитираат кон населените места Драчево, Зелениково, Батинци итн.,дека ја заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвиднеиот рок и дека од утре, 05.09.2026 година, мостот ќе биде во целосна функција.

    „Имено, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на конструкцијата на мостот на Маркова Река на регионалниот пат Р1106, Јавното претпријатие за државни патишта започна со негова санација.

    Градежните активности се одвиваа забрзано и со темпо кое е прилагодено на летниот период кога сообраќајот се одвива со намален интензитет, со цел да се минимизира застојот и влијанието врз учесниците во сообраќајот.

    Градежните работи, пак, опфатија санацијата на горниот строј на мостот, при што се изврши отстранување на постојните дилатациони фуги, сливници, асфалтот и тротоарите. Се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, се изврши асфалтирање, како и изградба на нови тротоари со рабници и санација на парапетна греда.

    Градежните работи ги изведуваше Друштвото за градежништво и проектирање „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, с. Бразда, додека надзорот го вршеше Друштвото за управување со проекти „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Средствата за санацијата беа обезбедени од буџетот на ЈПДП, а издвоената вредност изнесуваше 4.619.800,00 денари без ДДВ.

    Јавното претпријатие за државни патишта, се грижи за безбедноста и одржувањето на повеќе од 1.100 мостови на државните патишта на целата територија на државата и ја следи нивната состојбата со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот“, стои во соопштението од ЈПДП.

    Прочитај повеќе

    СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес

    07.10.2026 во 08:44

    За половина час ќе снема струја – Исклучување до 15 часот, ова е списокот со населби

    07.10.2026 во 07:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.