Close Menu
Press24
    Најново

    „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува

    15.10.2026 во 10:52

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег

    15.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Осуден 19-годишен фудбалер: Отпатувал во Британија за да убие човек за 25.000 евра
    • Вучиќ го претстави осумгодишниот план
    • Реформа во данското образование: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против насилни ученици
    • Полицијата не попушта – казнети 871 возачи на тротинети
    • Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима
    • Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот
    • Му рекла на мажот дека ќе оди да купи цигари па загинала во автомобил со друг маж – Хорор во Одивалес
    • Приведени осум возачи низ Македонија: Возеле пијани, без дозвола и под забрана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, Божиновска потпиша Меморандум во Солун

    Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, Божиновска потпиша Меморандум во Солун

    04.09.2026 во 16:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, попладнево во Солун, во рамки на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF), го потпиша Меморандумот за соработка со кој Македонија и официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор.

    Како што истакна Божиновска пред потпишувањето, овој коридор претставува нова безбедносна, економска и геостратешка архитектура за регионот.

    – Денес сум исклучително горда да истакнам дека, по интензивни дипломатски напори, Северна Македонија официјално се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор. Ова е историски момент преку кој, по цели три децении, ја прекинуваме нашата целосна зависност од една гасна рута, рече министерката.

    Божиновска информира дека интерконекторот со Грција се очекува да биде оперативен во 2027 година, со почетен капацитет од 1,4 милијарди кубни метри природен гас годишно и можност за зголемување до 2,8 милијарди кубни метри.

    – Визијата на Македонија не застанува тука. Веднаш продолжуваме со следниот чекор – планираниот 23-километарски интерконектор со Србија. Преку овој проект, Северна Македонија стреми да стане клучен енергетски транзитен центар што го поврзува југот со Централна и Источна Европа, посочи Божиновска.

    За време на панелот на форумот SEEF, каде учествуваа и министри од Грција, Бугарија и Кипар, таа детално го објасни напредокот на теренските активности:

    – Поголемиот дел од административната работа за интерконекторот со Грција е завршен, цевките се таму, сѐ околу земјиштето е веќе во процес на обработка, така што сме на вистинскиот пат. Имаме 68 километри и напредуваме како што треба. Следниот јуни е очекуваниот датум кога ова треба да биде завршено. Со Србија минатата недела го потпишавме договорот — тоа се само 23 километри, но сепак има уште долг пат бидејќи дури сега почнуваме. Тоа значи крајот на следната година, почетокот на 2028 година, односно во 2028 година сѐ ќе биде подготвено од Грција до Србија, рече Божиновска.

    Покрај учеството на SEEF, министерката претпладнето говореше и на панел во рамки на 6. Метрополитен самит. На настаните учествуваа претставници на големи енергетски компании, меѓународни институции, експерти и инвеститори.

    Прочитај повеќе

    Полицијата не попушта – казнети 871 возачи на тротинети

    17.10.2026 во 15:02

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.