Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ужас го потресе регионот: Полицаец уапсен и задржан во притвор откако ја претепал невенчаната сопруга
    • Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новиот грчки амбасадор Јоанис Малукос: Очекувања за ново поглавје и грчка поддршка за ЕУ
    • (ВИДЕО) Се судрија два авиони – во едниот имало 290 патници
    • Шокантен случај: Шефот ја натерал да направи 200 чучњеви како казна, завршила во болница
    • Патник криел десет живи птици зашиени во панталоните – Необичен обид за шверц во Мајами
    • Привремен прекин на полетувањата на белградскиот аеродром: Воведена вонредна контрола на патниците
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ: Потврдено стратешко партнерство и пријателство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во официјална посета на Киев: Безбедноста на Украина е европска безбедност

    Муцунски во официјална посета на Киев: Безбедноста на Украина е европска безбедност

    04.09.2026 во 15:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна официјална посета на Киев, Украина, на покана на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.

    Во рамките на посетата, за која Муцунски посочи дека патувал повеќе од 20 часа со авион, воз и автомобил, беа одржани билатерални разговори за соработката и безбедносните предизвици.

    „Разговаравме за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и билатералната соработка, европската перспектива и актуелните безбедносни предизвици. Ја потврдив нашата цврста и континуирана поддршка за Украина и за принципите на суверенитет, територијален интегритет и меѓународно право“, изјави Муцунски.

    Тој ја подвлече поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, посочувајќи дека границите не смеат да се менуваат со сила.

    „Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила“, истакна тој.

    Муцунски порача дека за стигнување до траен мир е потребна заедничка акција на меѓународните партнери, а ја најави и поддршката за идниот процес на реконструкција.

    „Безбедноста на Украина е европска безбедност. Американското лидерство и европската одговорност мора да дејствуваат заедно за да се создадат услови за праведен и траен мир. Нашата поддршка ќе продолжи, а кога ќе дојде времето за обнова, сакаме да бидеме тука не само како пријател, туку и како партнер во закрепнувањето и реконструкцијата на Украина“, рече Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новиот грчки амбасадор Јоанис Малукос: Очекувања за ново поглавје и грчка поддршка за ЕУ

    07.10.2026 во 19:15

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ: Потврдено стратешко партнерство и пријателство

    07.10.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.