- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Либерално-демократската партија (ЛДП) бара и ќе инсистира, покрај измените на Законот за пратеници, да се изменат и законите во кои се регулира изборот на сите избрани и именувани функционери. „Едно правило да важи за сите. Доста е од дволичности и двојни стандарди. Критериумите и законите треба да важат за сите веднаш и без одлагање. Двојно државјанство не треба да имаат пратеници, министри, директори, јавни обвинители и судии и тоа да важи за сегашните, ама да важи и за идните и тоа без одлагање“, вели во изјава за медиумите членот на ИО на ЛДП, Александар Цветкоски во изјава за медиумите. „Нема никакви…
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието упати остра процедурална реакција во врска со предлог-законското решение за укинување на техничката влада, кое се носи по скратена постапка. Тој оцени дека ваквиот начин на носење на законското решение е спротивен на воспоставените принципи и политичкиот договор. Според Спасовски, техничката влада не е само обичен законски модел, туку резултат на широк политички договор меѓу четирите најголеми партии, постигнат со гаранции од меѓународната заедница. „Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска се огласи за случајот со нерегуларностите при упис на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ. Јаневска потенцираше дека таа лично не е надлежна да одредува кој ќе сноси одговорност, туку тоа е работа на други институции во државата. „Би сакала да верувам дека ова е изолиран случај и дека не е тенденциозно направен, но токму поради тоа другите институции ќе си го кажат зборот“, изјави Јаневска. Таа додаде дека доколку се утврди дека уписот на студентите бил нерегуларен, следниот логичен чекор е и поништување на дипломите, но конечната одлука…
– Чест ми е што денес сум со вас и што имам можност да обратам по повод значајниот јубилеј – 80 години постоење и делување. Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани се доказ за вашата незаменлива улога во општеството. Цврсто верувам дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку мерка за зрелоста и хуманоста на едно општество. Затоа, за мене и за Министерството што го предводам, оваа тема е врвен приоритет, истакна во своето поздравно обраќање министерот за здравство, Азир Алиу на одбележувањето 80 години јубилеј на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија…
Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија. Со ова, законското решение ја мина првата и клучна фаза од собраниската процедура. Целта на предложените измени е суштинска – укинување на моделот на преодна, односно техничка влада, кој со години наназад беше воспоставуван како начин за организирање на изборните процеси. Во образложението на предлагачот, односно Владата, се посочува дека новото законско решение ќе обезбеди поголема стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес. Власта смета…
Во понеделникот во 23:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода В.А.(32) од Тетово. Тој бил пријавен од неговата 30-годишна сопруга дека претходниот ден околу 18:00 часот ѝ се заканувал со остар предмет и се обидел да ја исфрли од домот, информираа од тетовската полиција. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 17:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во гостиварското село Градец, при изведување градежни работи на приватна куќа, починал И.А.(48) од Тетово. -Според пријавеното, при обид да одглави заглавена сајла на кран, дошло до пукање на метален дел од конструкцијата кој го удрил И.А. во пределот на главата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до Техеран, тврдејќи дека иранската економија се соочува со сериозен финансиски колапс како директна последица на американската блокада на Ормутскиот теснец. Според објавите на Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“, иранското раководство е под огромен притисок поради неможноста да го користат клучниот воден пат, што резултира со загуби од 500 милиони долари дневно. „Иран финансиски колабира! Тие сакаат Ормутскиот теснец веднаш да се отвори – гладни се за пари! Губат 500 милиони долари дневно. Војската и полицијата се жалат дека не добиваат плата. СОС“, напиша претседателот Трамп. Претседателот истакна дека неодамнешните изјави…
Министерската конференција во Будва, одржана во рамки на Берлинскиот процес, Министерот Минчев, ја заокружи со низа значајни билатерални средби со свои колеги и високи претставници од регионот и од Европската Унија, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во клучните реформски области. Во фокусот на разговорите беа реформите во јавната администрација, кои министерот Минчев ги потенцираше како суштински предуслов за напредокот на државата кон Европската Унија. Тој нагласи дека станува збор за процес што оди подалеку од административни прилагодувања, односно за темелна трансформација на институциите во ефикасен сервис на граѓаните. На билатералната средба со министерот од Косово, Лулезон Јагџиу,…
Родителите во Македонија можат да бидат мирни – спорната серија на храна за бебиња од брендот „HiPP“, која во моментов е предмет на повлекување во Австрија и неколку други европски земји, воопшто не е пласирана на македонскиот пазар. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврдуваат дека до овој момент немаат добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF). Станува збор за производ од 190 грама во стаклена тегличка со вкус на морков и компир. Освен официјалната потврда од АХВ дека ситуацијата се следи, пристигна и гаранција од увозникот. Овластениот дистрибутер на „HiPP“ за…
