Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија: Младо момче од Македонија загина во бизарна несреќа во Италија
    • МОН со стипендии за средношколци: Објавени конкурси во девет категории
    • ЕУ предлага помалку вета во текот на преговорите – можно олеснување и за Македонија
    • Прилепскиот обвинтиел се сомничи дека земал мито за да му го врати пасошот на битолскиот газда
    • Српската пејачка два пати оперирана во рок од една недела – Откри каква и е здравствената состојба
    • Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година
    • Останаа уште два месеци – Колку пари ќе легнат на сметките за К-15
    • Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу надлежните министерства на Македонија и Турција

    Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу надлежните министерства на Македонија и Турција

    05.09.2026 во 11:29Updated:05.09.2026 во 11:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, и Министерството за семејство и социјални услуги на Република Турција потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги, со што се отвора нова рамка за институционална соработка и размена на искуства меѓу двете земји.

    Документот го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски  и министерката за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Гокташ.

    Меморандумот претставува основа за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од значење за унапредувањето на социјалната заштита и благосостојбата на граѓаните.

    Соработката, како што информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, опфаќа области поврзани со јакнењето на семејството, развојот и унапредувањето на социјалните услуги за семејствата, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица, како и подобрување на социјалната интеграција на лицата со зависности.

    Посебно внимание е предвидено и на унапредувањето на политиките и услугите за вработување на лицата со попреченост и нивното целосно и ефективно учество во општеството, поддршката на активното стареење, развојот на услугите за деца, јакнењето на жените и развојот на механизми за соработка во борбата против насилството врз жените.

    Меморандумот предвидува и размена на искуства во областа на социјалната помош, практиките на социјалните услуги, нивното следење и евалуација, како и примена на културни, демографски и социоекономски анализи за унапредување на условите за живот на граѓаните Роми.

    Соработката меѓу двете министерства, како што е најавено, ќе се реализира преку размена на знаења, документи и најдобри практики, размена на експерти, како и организирање конференции, семинари и стручни состаноци.

    -Со потпишувањето на овој Меморандум создаваме дополнителна основа за размена на искуства и знаења и за унапредување на социјалните политики и услуги. Нашата цел е добрите практики и искуства да ги претвориме во конкретни решенија кои ќе придонесат кон подобар квалитет на живот и посилна социјална заштита за граѓаните, истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

    Со Меморандумот се воспоставува рамка за континуирана институционална комуникација и координација меѓу двете министерства, со цел размена на искуства и заедничко унапредување на политиките и услугите во областа на социјалната заштита. Меморандумот е склучен за период од пет години, со можност за автоматско продолжување. 

    Прочитај повеќе

    Трагедија: Младо момче од Македонија загина во бизарна несреќа во Италија

    07.10.2026 во 10:38

    МОН со стипендии за средношколци: Објавени конкурси во девет категории

    07.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.