- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Товарен брод во грчка сопственост, што се движел кон Грција, бил цел на напад во близина на Ормузскиот теснец, потврди министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Во изјава за CNN, шефот на грчката дипломатија го потврди нападот, но истакна дека засега нема официјална потврда дали бродот, кој плови под либериско знаме, е запленет од страна на иранските сили. Герапетритис ја опиша ситуацијата како „прилично вознемирувачка“ и презеде итни мерки. „Испративме општо известување до сите бродови во грчка сопственост да бидат многу внимателни, да покажат максимална воздржаност и да избегнуваат преминување на теснецот“, порача Герапетритис. Според информациите на иранските…
Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер. На средбата стана збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот Муцунски информираше за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда. Министерот Муцунски ја потврди цврстата посветеност на Владата кон евроинтегративниот процес и спроведувањето на реформите. Воедно, беше изразена благодарност за континуираната и силна поддршка од страна…
Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица, соопшти МВР. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука. Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше изведено сценарио за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, при што беа прикажани зборни распореди и различни форми на интервенција. Со оваа двонеделна теренско-тактичка обука кандидатите ги надградуваат своите практични знаења и…
Лишени од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило и сите управувале возила без возачка дозвола. Од нив по двајца возачи во Скопје и Куманово, а по еден во Струмица и Штип. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или…
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по чл.215 од КЗ. На 20.04.2026 од страна на ОСОСК во содејство со СВР Скопје, околу 22:00 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје е сопрено патничко возило „мерцедес“ управувано од лице од Скопје, во кое како совозач бил и Е.Љ.. При извршен преглед…
Денеска во 14:00 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потраги, го лишија од слобода Ѓ.Ѓ.(66) од Гостивар, баран со меѓународна потерница за затворска казна во траење од осум години, поради сторено кривично дело по чл.237 ст.4 во врска со чл.45 од КЗ. Ѓ.Ѓ. е спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување на казната.
Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, лишени од слобода четири лица, а со едно извршен службен разговор На 21.04.2026 во 08:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.П.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.04.2026 околу 22:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 48-годишна поранешна сопруга и нивната малолетна ќерка, а искршил и дел од покуќнината. На 22.04.2026 во 02:20 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.М.(43), постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна 41-годишна…
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави податоци за просечната нето-плата исплатена во февруари 2026 година, која изнесува 46.159 денари. Иако на годишно ниво е забележан раст од 7,2 отсто, сепак во споредба со претходниот месец, јануари, просечното примање бележи благ пад од 458 денари, што резултира со индекс од 99,0. Секторски движења на платите: Годишниот раст е поттикнат од значајни зголемувања во три клучни сектори: Од друга страна, на месечно ниво, намалување на просечната плата е евидентирано во земјоделството, шумарството и рибарството (-5,7%), другите услужни дејности (-5%) и секторот уметност, забава и рекреација (-4,6%). Иако реалната плата бележи умерен раст…
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 23.04.2026 година, без напојување со електрична енергија ќе останат следните делови од градот: Општина Карпош и Момин Поток: Општина Гази Баба (Сингелиќ):
