Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Советник од Кавадарци повикан во полиција за фејсбук-статус за лозарите, ова е обид за замолчување

    СДСМ: Советник од Кавадарци повикан во полиција за фејсбук-статус за лозарите, ова е обид за замолчување

    05.09.2026 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци, велат од СДСМ.

    „Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест.

    Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите.

    За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници.

    Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување.

    Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ.

    Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук.

    Ова се истите методи на Вучиќ во Србија.

    Христијан Мицкоски  е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ.

    Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите.

    Нема да ви помине!

    Доаѓа време на вистина и правда.

    Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат – ќе одговараат“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.