Author: Author 04

СДСМ денеска преку прес-конференција на портпаролката Богданка Кузеска изнесе нови тврдења во врска со рудникот за антимон во Крива Паланка. Од партијата тврдат дека зад концесијата за локалитетот „Луке“ стојат донатори на владејачката партија, отфрлајќи ги владините најави дека се работи за стратешки интерес. Според СДСМ, официјалните податоци од Министерството за енергетика укажуваат дека концесионер на локалитетот е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“. Од партијата посочуваат дека сопственик на оваа фирма е Ѓорѓе Качурков, за кого тврдат дека е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Кузеска во своето обраќање го спомена и потпишувањето на договорот во Вашингтон, поврзувајќи го со претходни концесии.…

Повеќе

Овен Односите ви носат изненадувања. Разговор или нечие однесување може да ве исфрлат од колосек, но наместо бурна реакција, обидете се да ја согледате придобивката од промената. Бик Влијанието на Венера и Уран го става фокусот на личните промени. Отворени сте за нови начини на изразување, особено во емотивниот домен. Близнаци Денот носи случувања „зад сцената“. Може да дојдете до нови сознанија или да почувствувате промени, иако тие сè уште не се целосно дефинирани. Рак Пријателствата и соработките може да ве изненадат. Можно е некој близок да ве изненади со промена во однесувањето или да сретнете нова интересна личност. Лав…

Повеќе

Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот „Брент“ денес се искачи над 103 долари за барел. Порастот доаѓа по медиумските извештаи дека САД пресретнале најмалку три ирански танкери во азиските води, што дополнително ја зголеми неизвесноста на пазарите и стравувањата дека конфликтот на Блискиот Исток нема да заврши наскоро. Според податоците од берзите во 9:30 часот, објавени од 4news.mk, цената на суровата нафта пораснала за 1,31 отсто на 94,213 долари, додека нафтата „Брент“ забележа зголемување од 1,39 отсто на 103,304 долари. Европските фјучерси за гас за мај, на отворањето на берзата TTF во Амстердам, се тргуваа по 44,110 евра…

Повеќе

Општина Центар е подготвена да ја преземе надлежноста за одржување на хигиената доколку Градот не ги извршува своите обврски, порача градоначалникот Горан Герасимовски во дебатата „Топ тема“ на Телма ТВ. Тој посочи дека општината има капацитет и јасен план како самостојно да се справи со проблемот, особено во услови на влошена состојба со јавната хигиена. „Тоа го покажавме и пред изборите кога се соочивме со огромен проблем со хигиената. Имаме 120 хигиеничари кои што се постојано на терен. Секое утро ги почнуваат нивните работни обврски од училиштата, градинките, потоа продолжуваат кон сите останати улици и зелени површини. Но, проблем е…

Повеќе

Пратеничката група на СДСМ поднесе Закон за измени на Законот за Влада по скратена постапка, забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш, се наведува во соопштението од СДСМ. „Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш. Измените коишто ВМРО-ОКГ ги најави на Законот за пратеници, со кои пратеник би можел да биде само лице со македонско државјанство, се уште една измама на власта. Затоа што според нивниот предлог, овие измени би важеле дури од наредниот парламентарен…

Повеќе

Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ одржал средба во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован за формирање опозициски фронт, по директни инструкции на Заев и Башановиќ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Јован Ратковиќ е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската СДС на Заев. Јован Ратковиќ е еден од основачите на движењето „Отпор!“, кое одигра пресудна улога во соборувањето на српските власти на почетокот на милениумот. По директни инструкции и насока на Заев и Башановиќ, тројката Бранко…

Повеќе

Со цел зајакнување на локалниот економски развој и промоција на регионалните потенцијали, Организацијата за менаџмент на дестинации (ДМО) ја промовираше новата веб-платформа: www.povardarie.mk. Повардарие со ова прави важен чекор кон позиционирање како препознатлива регионална дестинација на европската и светската мапа. Формирањето на ДМО „Повардарие“ е резултат на долгогодишна поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ за општините“. Станува збор за прва меѓуопштинска соработка од ваков обем во Северна Македонија, во која дури 11 општини ги здружуваат своите капацитети за заеднички туристички, културен и економски развој. Преку овој проект, Повардарскиот регион станува видлив и достапен за меѓународната јавност, овозможувајќи модерен пристап…

Повеќе

Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Артан Груби, останува во куќен притвор во наредните 30 дена. Одлуката ја донесе Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на надлежното Обвинителство. Груби е дел од истрага што се води за проневера на осум милиони евра поврзани со VLT-апарати. За истото дело е осомничен и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами. Поранешниот вицепремиер беше уапсен во февруари годинава на граничниот премин „Блаце“, откако 14 месеци беше во бегство. По распитот во Обвинителството, судот му определи куќен притвор наместо класичен притвор, образложувајќи ја одлуката со безбедносни причини.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје преку официјално соопштение го потврди апсењето на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини.„Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија  за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба. Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинитеел, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек“, стои во соопштението од ОЈО.

Повеќе

Додека другите шират паника, магла и дезинформации, ВЛЕН работи со факти, одлуки и конкретни чекори за албанската култура. За нас, образованието и културата се столбовите на нашата визија за развој на албанското општество. Во овој поглед, албанските културни институции не само што не се во опасност, туку влегуваат во конкретна фаза на зајакнување и функционализација, се вели во соопштението од ВРЕДИ. „Посветеноста на Владата на ВЛЕН и заменик-министерот за култура, Седат Сулејмани, донесе добри вести за Тетовскиот музички ансамбл. Оваа институција не само што опстојува, туку напротив, се зајакнува. Во моментов, интензивно се работи на комплетирање на документацијата за целосна…

Повеќе