Author: Author 04

Потпретседателката на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефанија Кузмановска, учествуваше и се обрати на годишната конференција во рамки на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на тема „Проширување на ЕУ за новата генерација: Зајакнување на младите“, а во организација на Групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот Парламент. Во своето обраќање, Кузмановска посочи дека европската перспектива на Македонија е загрозена и блокирана од актуелната власт, а се повеќе млади ја напуштаат државата и ја гледаат својата иднина надвор од Македонија. „Мојата генерација порасна со верување дека припаѓаме во Европската Унија. За жал, денешната реалност е многу покомплексна. Сегашната влада се претставува како…

Повеќе

Ноќеска околу 01:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар А.Ѓ.(43) од Скопје бил нападнат со остар предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од нив 11 возеле без возачка дозвола, а скопјанец возел со 3,95 промили алкохол во крвта Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 затоа што управувале возила без возачка дозвола (тројца во Скопје, по двајца возачи во Битола, Кочани и кумановско, а по еден во Прилеп и велешко), а еден возач во Скопје управувал возило под дејство на алкохол односно му биле измерени 3,95 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите ќе…

Повеќе

Од ЕВН дистрибуција најавуваат неколку планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за утре.Општина Ѓорче Петров (локација Водно) – од 08:30 до 11:30 часот: Општина Морани – од 08:30 до 16:00 часот: Општина Р’жаничино: Општина Карпош – од 09:00 до 14:00 часот: с. Мирковци – од 09:00 до 14:30 часот: Дел од потрошувачите во с. Мирковци.

Повеќе

Граѓаните кои користат течен нафтен гас (плин) за своите возила од денеска плаќаат пониски цени. По интервенцијата и координираните активности на надлежните институции, цената на плинот бележи значителен пад од 5 денари по литар. Како што информираше Митева, намалувањето веќе се чувствува на бензинските станици. Од „Макпетрол“, цената е коригирана од 59 на 54 денари, а трендот веднаш го следеа и останатите компании на пазарот, каде цените сега се движат во распон од 53 до 54 денари. Клучни детали за намалувањето: Митева нагласи дека ова е конкретен резултат на институционалното делување. „Наместо декларативни политики, носиме мерки што даваат директен ефект…

Повеќе

Денес во Центарот за управување со кризи беше направен значаен исчекор во насока на унапредување на правата и положбата на вработените, како и зајакнување на институционалниот интегритет. Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али потпиша колективен договор со синдикалните организации, со кој вработените се поставуваат во центарот на вниманието како клучен столб на функционирањето на институцијата. „Со овој договор се овозможува поконзистентно и поправедно вреднување на трудот, како и унапредување на професионалното достоинство и мотивација на вработените. 7% зголемување на платите со мартовската плата во 2026 година 7% зголемување на платите со мартовската плата во 2027 година…

Повеќе

Три пријави за семејно насилство во последното деноноќие, со две лица извршен службен разговор На 22.04.2026 во 11:00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со С.Т.(38) од Скопје, по претходна пријава дека на 18.04.2026 во нејзиниот дом со тврд предмет физички го нападнала нејзиниот 40-годишен поранешен сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 22.04.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје 51-годишен маж пријави дека околу 19:00 часот во с.Волково,скопско бил физички нападнат од неговиот брат Т.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 23.04.2026 во 08:00 часот…

Повеќе

Европската комисија воведе нови, построги правила за патување со домашни миленици во земјите од Европската Унија. Од 22 април 2026 година, сопствениците на кучиња, мачки и ласици кои патуваат за некомерцијални цели, мора да ги исполнуваат новите услови за документација, во спротивно ризикуваат да им биде забранет влез. Основни правила за патување: Постојат и посебни барања за одредени држави – за кучиња што патуваат во Ирска, Малта и Финска, задолжителен е антипаразитски третман против Echinococcus multilocularis. Важни датуми за идните промени:

Повеќе

Нема да дозволиме здравјето на граѓаните во Крива Паланка, да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на интересот на граѓаните, и тие имаат право да ја знаат вистината за рудникот во Кривопаланечкиот регион дека еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донатор во ВМРО ДПМНЕ. „Каква врска има во какви односи сум јас лично и какви се тие двојни стандарди и двојни односи, едни за пред камери, а едни зад камерите. Е, тоа…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во утринската програма на Канал 5 информираше дека паралелно се работи на повеќе инфраструктурни зафати, меѓу кои реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во прва и втора фаза, на делницата од „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство. Во тек е и реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, како и хортикултурното уредување кај Зелениот пазар. Герасимовски најави и изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, за која во моментов се подготвува проектна документација. Тој потсети и на неодамна отворената градинка „Пролет“, прва нова по повеќе од 50 години. „Продолжуваме и со…

Повеќе