Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата за уапсениот возач: Акцијата е по иницијатива на институциите, ова е бескомпромисна борба против корупцијата

    Владата за уапсениот возач: Акцијата е по иницијатива на институциите, ова е бескомпромисна борба против корупцијата

    06.09.2026 во 14:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лицето со иницијали Д. Ц., вработено како возач во Службата за општи и заеднички работи на Владата, е уапсено за примање поткуп во акција која потекнува од иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за незаконска награда.

    Возачот бил затекнат на 4 септември 2026 година при примопредавање на 500 евра, како дел од вкупно побараните 1.500 евра. Од Владата нагласуваат дека парите претходно биле обележани.

    „Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата“, се вели во соопштението од Илинденска бр. 2.

    Од Владата потенцираат дека целата акција е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата.

    „Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда“, велат од Владата.

    Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека Д.Ц. е лишен од слобода по поднесена пријава од граѓанин.

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против вработениот за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

    На предлог на јавниот обвинител, а поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото, судија на претходна постапка му одреди на осомничениот притвор во траење од 30 дена.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.