- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
- Фон дер Лајен: ЕУ нема да ги ублажи санкциите против Иран без конкретни промени
- Би-би-си идната недела укинува стотици работни места во информативниот сектор
Author: Author 04
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог. Во рамки на средбата беше изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Владата кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на економските односи и потенцијалот за нови инвестиции. Воедно, стана збор и за меѓународните односи, актуелните состојби во рамки на НАТО, како и за тековните безбедносни предизвици. Посебен осврт беше направен…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 01.09.2022 до 31.08.2023 и второпријавениот, како директор и назначен да извршува дополнителни работи-водење на вонредни испити од 01.09.2023 до 31.08.2024 овозможиле вонредните ученици да пријавуваат и полагаат испити од наредна година без да ја имаат завршено претходната година и без да достават потврди за следење на…
Во рамки на подготовките за кандидатурата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, градот беше домаќин на меѓународната конференција „The Skopje Project 2026: Culture, Urban Policies and Sustainable European Cities“. Настанот, поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), собра голем број домашни и странски експерти, со цел да се постави јасна визија за идниот развој на главниот град. На конференцијата присуствуваа значајни личности, меѓу кои шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михаил Рокас, министерот за култура Зоран Љутков, постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан, како и градоначалници и претставници од Матера, Подгорица, Валета и Торино. Пет меморандуми за…
Независниот академски синдикат денеска организира јавна дебата со кандидатите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Дебатата ќе се одржи во 18 часот на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, а учество се очекува да земат актуелната ректорка проф. д-р Билјана Ангелова и професорот од Машинскиот факултет проф. д-р Дарко Данев. Целта на дебатата е академската заедница и јавноста да се запознаат со нивните програми, визии и приоритети за развој на универзитетот, при што се очекува фокусот да биде ставен на квалитетот на наставата, научно-истражувачката работа и автономијата на високото образование.
Вчера во 22:00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода К.М.С.(48) од Р.Турција. При извршена гранична контрола, било констатирано дека К.М.С. на увид приложил фалсификувана патна исправа, а при извршена дополнителна контрола, било констатирано дека во системот евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол, по што е задржан за понатамошна постапка.
Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„АСНОМ“ до крстосница со пристапна сообраќајница кај „Мајчин дом“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира…
Ноќеска околу 00:15 часот во СВР Скопје 18-годишна скопјанка пријави дека на 22.04.2026 на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.К.(18) извршил обљуба врз неа. Според пријавеното, таа била во поодмината бременост. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Утрово во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје удрило во велосипед управуван од З.М.(58) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 21.04.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Скопје пријави дека неговата малолетна ќерка била уценувана од малолетник, со кого претходно била во врска, дека доколку не ја продолжи врската, ќе објави експлицитни фотографии од неа. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(39) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом, со судска наредба, биле пронајдени и одземени: 165 куршуми, 56 ловни патрони, една кутија со каписли, осум кеси олово во зрно различна големина, две кеси и две шишенца со барут, 32 патрони, разновиден алат за полнење на муниција, една кутија со 12 кугли за патрони, една кеса со бела грутчеста материја и една кеса со прашкаста материја. Покрај тоа, Д.Л. од својата викенд…
