- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Приливот на странски директни инвестиции во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година достигна 1,381 милијарди евра, соопштија од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ). Според податоците на институцијата, ова претставува зголемување од 86 проценти во споредба со анализираниот период од јуни 2017 до мај 2019 година. Евидентиран е и раст кај странските директни инвестиции по глава на жител, кои се зголемиле од 405 на 752 евра. „Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, преку соопштение изнесе споредбени податоци за реалниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) за време на претходната и актуелната власт. Според Стојаноски, во изминатите осум квартали се бележи значително повисока просечна стапка на економски раст во споредба со седумгодишниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ/ДУИ. „Јасно да ја воочиме разликата во економскио раст. За владата на СДС/ДУИ го земаме периодот Q2 2017 – Q2 2024, вкупно 29 квартали. За ВМРО-ДПМНЕ го земаме периодот Q3 2024 – Q2 2026, вкупно 8 целосни квартали. Мериме реален годишен раст на БДП во однос на истиот квартал…
Куманово добива 5 специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, истакна денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски. “ Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период. Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата. Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто можевте и да го видите, којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење на улици коишто ќе помогнат покрај да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини” – изјави Николоски. Тој додаде дека Владата продолжува со поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово. Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме”- истакна Николоски.
Вчера во 15:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 04 до 06.09.2026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата ,,Св.Никола“ во охридското село Велгошти, од каде се одземени пари и други предмети. Се работи на пронаоѓање на сторителот и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Опозицискиот СДСМ преку прес-конференција на портпаролката Богданка Кузеска побара проширување на истрагата за случајот со митото, во кој е умешан возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Кузеска истакна дека возачот бил фатен со обележани евра откако барал мито за да среди вработување во Противпожарната бригада на Град Скопје, сомневајќи се дека зад целата постапка стојат повисоки функционери. „Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е фатен со обележани евра. Барал мито- поткуп за да ‘среди’ вработување како пожарникар во Противпожарната бригада на Град Скопје. Сега Јанушев сега оградува. Како што се оградува Томовски дека татко му не…
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во центарот на Скопје, дознава Press24. Поради инцидентот, сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато и се создава забавување на возилата. Се уште не се познати причините и околностите под кои дошло до сообраќајката.
Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје е подготвена за големиот концерт на светски познатиот француски диџеј и музички продуцент Дејвид Гета (David Guetta). Музичкиот спектакл се организира по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Настанот се реализира како заеднички проект во соработка меѓу Владата и „Авалон продукција“.
Овен Брзото темпо ја одбележува работната недела, објави 4news.mk. Иако ќе добиете шанса за напредок или дополнителна заработка, избегнувајте брзоплети финансиски одлуки. Во љубовта, покажете трпение наместо непотребни критики кон партнерот. Бик Денес расчистувате со старите препреки или сомнежи. Фокусот е ставен на практичните решенија и долгорочната финансиска стабилност. Разумниот пристап ќе ви донесе внатрешен мир и олеснување во комуникацијата. Близнаци Вашите зборови денес имаат посебна тежина. На работното место, преземањето иницијатива ќе ви донесе директни резултати. Во односот со блиските, бидете подготвени за искрен разговор што конечно ќе разреши една стара дилема. Рак Утрото носи потреба од повлекување и…
Синоќа околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“. Во моментот на нападот, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма. Пред нив застанал мотоцикл со две лица, по што од него било пукано со огнено оружје кон групата, а напаѓачите веднаш потоа побегнале. При пукањето бил погоден 26-годишниот А.М., кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Петдесетгодишен мотоциклист од Неготино го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово. Несреќата се случила во атарот на селото Градец, кога мотоциклот со неготински регистарски ознаки, управуван од М.Н. (50), излетал од патот и удрил во заштитната банкина. Од здобиените тешки повреди, мотоциклистот починал на самото место на настанот. Случајот бил пријавен во ОВР Крива Паланка, по што полициска екипа извршила увид на местото на несреќата. Надлежните органи работат на утврдување на сите околности и причини кои довеле до трагичниот инцидент.
