- Пожар пред бугарската амбасада во Скопје: Опожарени два автомобили
- АПИС: Јавната расправа е можност да ја аргументираме штетноста напредлог законот за игри на среќа
- Приведен 57-годишен кичевец: Полицијата му го одзеде „цитроенот“
- Мицкоски: Од следната недела очекуваме значајно намалување на цените на горивата
- Минчев: Човековите права не се декларација, туку секојдневна обврска на институциите
- Голема полициска акција на патиштата: Уапсени 17 возачи, меѓу нив и малолетници
- Лажен лекар од Македонија приведен во Врање – мамел граѓани за пари
- Ѓорѓиевски: Започна санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба
Author: Author 04
Месец мај 2026 година е најактивен во календарот на неработни денови. Доколку ги планирате своите обврски, важно е да знаете дека бројот на слободни денови варира во зависност од верската припадност на граѓаните. За сите граѓани: Месецот носи два државни празника кои се неработни денови за сите: 1 мај (петок) и 25 мај (понеделник). Бидејќи обата празника се поврзани со викендот, тие формираат два продолжени викенди. За верниците:
Судењето за деветмината полициски службеници обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ денеска е одложено за 1 јуни. Причина за одложувањето е потребата на одбраната да обезбеди и изврши увид во доказите неопходни за постапката. Со овој судски процес претседава судијката Ленка Давиткова, додека застапник на обвинението е обвинителката Спасенка Андонова. Пред почетокот на рочиштето, одбраната на дел од обвинетите побара Судот да посредува во доставувањето барања до МВР, Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и Управата за јавни приходи (УЈП), со цел обезбедување докази, декласификација на документи, како и овозможување увид на вешто лице кое треба да изврши…
Електродистрибутивната мрежа најави серија планирани активности за одржување и интервенции во мрежата, поради што делови од Скопје во текот на претстојниот викенд ќе бидат со прекинато снабдување со електрична енергија. На 25 април (сабота), без струја ќе бидат: Прекини кои започнуваат на 25 април и продолжуваат до 26 април: На 26 април (недела), прекини ќе има во следните делови:
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција го обвини раководството на СДСМ, предводено од Венко Филипче, дека дејствува исклучиво по насоки на поранешниот премиер Зоран Заев, со цел да се кочат евроинтеграциските процеси и да се заштитат лични бизнис интереси. Според Петрушевски, појавувањето на Заев на одбележувањето на роденденот на СДСМ е јасен сигнал за тоа кој ја контролира партијата. „Како што веќе укажавме дека појавувањето на Зоран Заев на Бихачка по повод роденденот на СДС е потврда дека тој е газда, сега можеме да слушнеме, видиме од настапите на слугата Венко Филипче како постапува по насоки…
Основниот кривичен суд Скопје изрече мерки за обезбедување присуство против двајца свои вработени, кои се осомничени за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. На лицето Г.А.А., вработен како судски полицаец, на 09.04.2026 година му е определен притвор во траење од 30 дена. Судот ја донел оваа одлука поради основано сомневање за сторено кривично дело, при што утврдил опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци и докази. Против ова решение не е поднесена жалба и е правосилно. За вториот осомничен, Ф.Џ., вработен како судски доставувач, судот на 22.04.2026 година му определи мерка куќен притвор во траење од 30…
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти УХМР. Од УХМР информираа дека за време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија најави нови мерки за ублажување на последиците од нафтената криза. Тој истакна дека Владата интензивно работи на подобрување на животниот стандард, притоа справувајќи се со, како што рече, наследениот хаос и долговите од претходната власт. Споредувајќи ја актуелната состојба со енергетската криза од 2022 година, премиерот посочи дека сегашната инфлација изнесува меѓу 4,5% и 4,9%, што е значително пониско од нивото над 10% забележано пред две години. „Второ излезе Меѓународниот монетарен фонд јасно кажа дека ние како држава сме трета во Европа според мерките коишто ги применивме…
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави интензивирање на инспекциските контроли на пазарот на ѓубрива. Акцијата се спроведува во согласност со владините одлуки за ублажување на економските последици и заштита на домашното земјоделско производство, при што инспекторите ќе вршат строг надзор врз почитувањето на пропишаните цени и залихи. „ДПИ ќе постапува по сите утврдени неправилности и ќе изрекува соодветни мерки и санкции согласно со законските надлежности. Апелираме до сите економски оператори во големопродажба и малопродажба да постапуваат во согласност со донесените одлуки, со цел обезбедување фер пазарни услови и заштита на интересите на земјоделците и граѓаните. Државниот пазарен инспекторат останува посветен на…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави дека македонската јавност наскоро ќе биде сведок на уште еден случај на сериозни неправилности во институциите. Јаневска ова го порача коментирајќи го актуелниот проблем на Филозофскиот факултет при УКИМ, каде што со години незаконски биле запишувани студенти. „Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи“, изјави министерката…
Утрово на градилиште на улицата „Козјак“ во скопската населба Кисела Вода се случи тешка несреќа, при што еден работник го загуби животот, а тројца се пренесени во болница. До несреќата дошло при ископ на темели, кога земјени наноси ги затрупале работниците. Случајот во СВР Скопје е пријавен во 08:17 часот. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. „Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување…
