- Петрушевски: Филипче се фаќа за сламка, Бугари во Устав, нема крај на неговите лични интереси
- Аријана Гранде со барање: Не ја користете мојата песна во вашето видео
- Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката
- Неделен хороскоп: Ракот затвора големо поглавје, Лавот го чека среќа, а еве кој треба да биде претпазлив
- Драма во соседството: 13- годишник украл автомобил па предизвикал сообраќајка, полицијата шокирана од неговите зборови
- Силен земјотрес во Егејското Море
- Во автомобилот носеле пушки и патрони – Интервентна уапси две лица од скопско
- Измерени 9 степени во 11 часот, еве каде е најстудено во Македонија
Author: Author 04
Независниот академски синдикат денеска организира јавна дебата со кандидатите за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Дебатата ќе се одржи во 18 часот на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, а учество се очекува да земат актуелната ректорка проф. д-р Билјана Ангелова и професорот од Машинскиот факултет проф. д-р Дарко Данев. Целта на дебатата е академската заедница и јавноста да се запознаат со нивните програми, визии и приоритети за развој на универзитетот, при што се очекува фокусот да биде ставен на квалитетот на наставата, научно-истражувачката работа и автономијата на високото образование.
Вчера во 22:00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода К.М.С.(48) од Р.Турција. При извршена гранична контрола, било констатирано дека К.М.С. на увид приложил фалсификувана патна исправа, а при извршена дополнителна контрола, било констатирано дека во системот евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол, по што е задржан за понатамошна постапка.
Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„АСНОМ“ до крстосница со пристапна сообраќајница кај „Мајчин дом“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира…
Ноќеска околу 00:15 часот во СВР Скопје 18-годишна скопјанка пријави дека на 22.04.2026 на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.К.(18) извршил обљуба врз неа. Според пријавеното, таа била во поодмината бременост. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Утрово во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје удрило во велосипед управуван од З.М.(58) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 21.04.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Скопје пријави дека неговата малолетна ќерка била уценувана од малолетник, со кого претходно била во врска, дека доколку не ја продолжи врската, ќе објави експлицитни фотографии од неа. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(39) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом, со судска наредба, биле пронајдени и одземени: 165 куршуми, 56 ловни патрони, една кутија со каписли, осум кеси олово во зрно различна големина, две кеси и две шишенца со барут, 32 патрони, разновиден алат за полнење на муниција, една кутија со 12 кугли за патрони, една кеса со бела грутчеста материја и една кеса со прашкаста материја. Покрај тоа, Д.Л. од својата викенд…
Потпретседателката на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефанија Кузмановска, учествуваше и се обрати на годишната конференција во рамки на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на тема „Проширување на ЕУ за новата генерација: Зајакнување на младите“, а во организација на Групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот Парламент. Во своето обраќање, Кузмановска посочи дека европската перспектива на Македонија е загрозена и блокирана од актуелната власт, а се повеќе млади ја напуштаат државата и ја гледаат својата иднина надвор од Македонија. „Мојата генерација порасна со верување дека припаѓаме во Европската Унија. За жал, денешната реалност е многу покомплексна. Сегашната влада се претставува како…
Ноќеска околу 01:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар А.Ѓ.(43) од Скопје бил нападнат со остар предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од нив 11 возеле без возачка дозвола, а скопјанец возел со 3,95 промили алкохол во крвта Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 затоа што управувале возила без возачка дозвола (тројца во Скопје, по двајца возачи во Битола, Кочани и кумановско, а по еден во Прилеп и велешко), а еден возач во Скопје управувал возило под дејство на алкохол односно му биле измерени 3,95 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите ќе…
