Author: Author 04

Во Србија денеска и утре се очекува вистинско летно време со максимални температури од 30 до 35 степени, под влијание на прилив на топол воздух од северна Африка, но за време на викендот следува промена проследена со студен фронт. Најтопол ден ќе биде сабота, кога максималната температура ќе достигне од 34 до 38 степени, додека во Белград ќе се искачи до 36 степени. Подоцна попладне, студениот фронт најпрво ќе продре до северна Војводина, носејќи локални врнежи од дожд, грмотевици и засилување на северозападниот ветер. Во текот на вечерта и ноќта, фронтот ќе се движи кон централните и јужните делови од…

Повеќе

Околу 2.000 ученици и наставници во Индонезија за само неколку дена пријавиле здравствени проблеми откако консумирале храна обезбедена преку државната програма за бесплатна училишна исхрана (МБГ). Локалните власти започнаа истрага за да се утврди точната причина за масовното разболување. Најновиот случај е регистриран во средно училиште во Ласем, во провинцијата Централна Јава, каде што по оброкот послужен во средата, симптоми пријавиле 777 ученици и наставници. Кај голем дел од нив се појавила дијареја, што предизвикало сериозни проблеми во санитарните простории, по што наставата била прекината. Раководството одлучило да испрати дома речиси 1.200 ученици и 95 вработени, а неколку лица поради…

Повеќе

“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде: Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра. Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија. Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: – автопати – експресни патишта – железница – над 1200 проекти во општините – аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја…

Повеќе

Меѓународниот аеродром Скопје, официјално ја доби престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World). Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година – соопшти денеска ТАВ Македонија, оператор на скопскиот и на охридскиот аеродром. Ова е 11-та ASQ награда, или награда за квалитет на аеродромските услуги, што ја добива Меѓународниот аеродром Скопје, со што, според ТАВ Македонија, повторно ја потврдува својата позиција меѓу водечките европски аеродроми според квалитетот…

Повеќе

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со растот, додека цените на бензинот во Европа се приближуваат до тригодишен максимум. Суровата нафта Брент денес се тргува за повеќе од 95 долари за барел, а европските берзански индекси бележат претежно позитивни трендови, додека пазарите го очекуваат клучниот извештај за работните места во САД. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во ноември пораснаа за 0,41 процент и достигнаа 95,91 долари за барел. Во исто време, фјучерсите за американската сурова нафта WTI за испорака во октомври забележаа раст од 0,69 проценти, тргувајќи се по цена од 91,93 долари за барел. На европскиот…

Повеќе

Федералните агенти во Лос Анџелес го уапсија 40-годишниот Азарија Саутворт, подкастер и ЛГБТ активист, под сомнение дека се заканувал со убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, како и дека ги малтретирал неговиот личен адвокат и членови на семејството, објави „Калифорнија пост“. Саутворт бил приведен во неговиот дом во Вестлејк откако агенти на ФБИ ја опколиле куќата и му наредиле да излезе. Тој се предал на полицијата без инциденти. Според судските документи, тој го користел своето присуство на социјалните мрежи за објавување пораки насочени кон Трамп и неговите поддржувачи, при што обвинителите тврдат дека постојано повикувал на егзекуција на претседателот. Во…

Повеќе

На територијата на Град Скопје има само еден активен пожар на отворен простор кој пред два дена од косовска страна навлезе на македонска територија кај селото Грачани, општина Ѓорче Петров, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Пожарот не загрозува населени места, а во него се зафатени пред сè трева, грмушки и ниски смреки кои создаваат силен пламен и чад, додека на одделни места огнот се движи ниско по земја низ мешовита шума. Во средата во гаснењето учествуваа скопските пожарникари и два „ер трактори“ на ДЗС, додека во четвртокот македонски полициски хеликоптер им помогна на косовските…

Повеќе

Грчката полиција и специјални тимови со механизација го пребаруваат дворот на куќа во Маратон, Грција, откако ќерката признала дека пред една деценија ја закопала својата мајка таму за семејството да продолжи да ја прима нејзината пензија. И покрај нејзиното признание, останките на старицата сè уште не се пронајдени. Истрагата започнала откако роднина на бабата, која живеела во Франција, пријавила во полиција дека не може да стапи во контакт со неа веќе десет години. По проверката, властите утврдиле дека смртта на жената, која денес би имала околу 90 години, никогаш не била официјално пријавена. За време на испитувањето, ќерката го покажала…

Повеќе

Следниот неработен ден за сите граѓани е 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија, кој годинава се паѓа во вторник. Според календарот на неработни денови, следниот слободен ден е 12 октомври (понеделник), кога се одбележува Денот на народното востание, со оглед на тоа што 11 октомври е во недела, со што граѓаните добиваат продолжен викенд. Во истиот месец следи уште еден продолжен викенд, односно 23 октомври (петок) – Денот на македонската револуционерна борба. Последниот неработен ден за сите граѓани во оваа година е 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски. За граѓаните од католичка вероисповед, неработни денови до…

Повеќе

Министерството за образование и култура на Република Српска денес ги информираше основните и средните училишта во Република Српска дека, поради екстремно високите температури и тешките услови за спроведување на образовната работа во училишните згради, наставата ќе биде прекината во сите основни и средни училишта во Република Српска од 4 до 11 септември 2026 година, објавува RTRS. Оваа мерка е преземена со цел заштита на здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата и обезбедување безбедни и соодветни услови за спроведување на образовната работа, во согласност со важечките законски прописи. По истекот на оваа мерка, училиштата ќе продолжат да ја…

Повеќе