Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов за пожарот кај Грачани: Засилен број пожарникари на терен, од воздух ќе се гасне со два „ер трактори“ и два хеликоптери

    Ангелов за пожарот кај Грачани: Засилен број пожарникари на терен, од воздух ќе се гасне со два „ер трактори“ и два хеликоптери

    04.09.2026 во 09:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На територијата на Град Скопје има само еден активен пожар на отворен простор кој пред два дена од косовска страна навлезе на македонска територија кај селото Грачани, општина Ѓорче Петров, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

    Пожарот не загрозува населени места, а во него се зафатени пред сè трева, грмушки и ниски смреки кои создаваат силен пламен и чад, додека на одделни места огнот се движи ниско по земја низ мешовита шума.

    Во средата во гаснењето учествуваа скопските пожарникари и два „ер трактори“ на ДЗС, додека во четвртокот македонски полициски хеликоптер им помогна на косовските противпожарни служби од другата страна на границата каде што огнот беше поинтензивен.

    Поради насоката на ветерот во текот на изминатата ноќ, чадот од пожарот можеше да се почувствува над неколку скопски населби.

    „Тоа е истиот оној чад кој сите ние кои работиме на гаснење на пожари на отворен простор го вдишуваме секојдневно, од непосредна близина, во неспоредливо поголема концетрација“, наведува Ангелов во соопштението.

    Екипите на скопската противпожарна бригада цела ноќ дежураа на делови од линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето било отежнато.

    Утрово интервенцијата продолжува со засилен број пожарникари на терен и воздушна поддршка од два „ер трактори“ на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер.

    Според податоците од ДЗС, во текот на вчерашниот ден на ниво на целата држава беа евидентирани вкупно 31 пожар на отворен простор.

    Прочитај повеќе

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.