Author: Author 04

Шест пожари се активни утрово на територијата на државата, пет се ставени под контрола, додека 19 биле целосно изгаснати во изминатото деноноќие, информираат од Центарот за управување со кризи. Според податоците на ЦУК, активено е жариштето меѓу селата Грачани и Никиштани, кое се протега и на територијата на Косово каде гори шума. Во Македонски Брод сè уште гори во атарот на селото Белица, во месноста Кајорец кон селото Брезница кај репетиторот, каде зафатена е нискостеблеста и мешана шума. Огнот е активен и во Чучер-Сандево кај селото Брест на месноста Рамно, како и во Ново Село, поточно кај селото Стиниќ каде…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалово предупредување за територијата на цела Македонија за денешниот ден. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, но ќе биде проследено со повремено силен ветер. По должината на Повардарието и во одделни региони се очекува засилен ветер од северозападен правец, чија брзина на моменти ќе достигнува и до 60 километри на час. Утринските температури се движат во интервал од 12 до 21 степен, додека максималните дневни ќе се искачат помеѓу 30 и 37 степени. Во Скопје се очекува слично време — сончево и топло со мала до умерена облачност, придружено…

Повеќе

Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на денешниот ден повторно е алармантна, при што се регистрирани повеќе од 20 пожари на територијата на целата држава. Поголем дел од нив се сè уште активни, а противпожарните екипи, воздухопловите и надлежните служби се на терен. За состојбата на теренот попладнево информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Во моментот активен е пожарот кај селото Грачани, кој премина од косовска страна, но е сопрен пред селото Никиштане. „Пожарот во овој момент се симнува кон магистралниот пат, поточно кон реката Лепенец, во насока на косовската граница. Поголем дел од…

Повеќе

Синоќа во 19:10 часот во Полициската станица Гостивар, 40-годишна жена од Гостивар пријавила дека во ноќните часови на 01/02.09.2026 во нејзиниот стан, нејзиниот вонбрачен сопруг А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа. Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот.

Повеќе

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ј.(52), Д.Ј.(26) и Н.Ј.(31), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 22.08.2026 за време на одржување на настан „Мото собир“ во Прилеп, пријавените се однесувале недолично и агресивно кон полициски службеник, а потоа физички нападнале полициски службеник, додека извршувал службени дејствија. Првопријавениот пак, му упатувал закани кон него и неговото семејство.

Повеќе

Синоќа во 23:50 часот во ОВР Делчево, С.Т.(44) и П.В.(53) двајцата од Делчево пријавиле дека околу 22:10 часот пред хотел во Делчево, нивните две малолетни деца, биле физички нападнати од Н.Д. од Делчево, при што им нанел повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со добитниците на признанието „Инженерски прстен“. На средбата присуствуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Дејан Метикош. Претседателката им го честиташе признанието на младите инженери, истакнувајќи ја важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата, со акцент на создавањето услови најуспешните кадри да го остварат својот потенцијал во земјава. За време на дебатата, лауреатите ги изложија своите критички видувања за состојбите во високото образование и укажаа на…

Повеќе

Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци, велат од СДСМ. „Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест. Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите. За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници. Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување. Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи…

Повеќе

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија во употреба реконструираната Стара чаршија. “Драго ми е што Министерството за транспорт можеше да помогне во реализација на обновување на Старата чаршија во Гевгелија. Издадени се вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат. Сакам да се заблагодарам на Управата за заштита…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на Гевгелија истакна дека реконструкцијата на старата чаршија е уште еден реализиран проект и најави продолжување на поддршката за сите општини во државата. Мицкоски посочи дека Владата останува посветена на поддршката на локалната самоуправа без разлика на партиската припадност. „Добар ден од мене, Немам јас што да додадам на тоа што е веќе кажано од претходните говорници, можам само да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме. Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика…

Повеќе