Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Пукање во Охрид
    • Јаневска: Инженерите школувани овде се ценети и надвор од државните граници
    • Зеленски со алармантна порака: Русија подготвува масовен напад врз Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гори во Струга, Македонски Брод, Сарај, Кратово и Делчево

    Гори во Струга, Македонски Брод, Сарај, Кратово и Делчево

    06.09.2026 во 10:132 Mins Read
    ФОТО: Територијална Противпожарна Единица Крива Паланка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест пожари се активни утрово на територијата на државата, пет се ставени под контрола, додека 19 биле целосно изгаснати во изминатото деноноќие, информираат од Центарот за управување со кризи.

    Според податоците на ЦУК, активено е жариштето меѓу селата Грачани и Никиштани, кое се протега и на територијата на Косово каде гори шума. Во Македонски Брод сè уште гори во атарот на селото Белица, во месноста Кајорец кон селото Брезница кај репетиторот, каде зафатена е нискостеблеста и мешана шума.

    Огнот е активен и во Чучер-Сандево кај селото Брест на месноста Рамно, како и во Ново Село, поточно кај селото Стиниќ каде што гори мешана шума и ниска вегетација.

    Во кичевскиот регион активни се пожарите во околината на селата Кнежино и Добреноец, како и во месноста Дарда во близина на селото Тајмиште.

    Под контрола на противпожарните тимови во моментот се локациите во општина Струга (на потегот Буринец – Локов – Селци), во општина Македонски Брод кај селото Брезница, во општина Сарај кај селото Копаница, како и депониите во Кратово и Делчево.

    Во изминатите 24 часа целосно се ликвидирани 19 пожари на отворен простор, меѓу кои во Неготино, Гази Баба, Брвеница, Гостивар, Куманово, Липково, Битола, Прилеп, Кичево, Струга, Маврово и Ростуше, Сопиште, Струмица, Гевгелија и Градско.

    Прочитај повеќе

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00

    Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника

    06.10.2026 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.