Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје добива 3.300 нови контејнери: Потпишан договорот за подобрување на комуналната хигиена

    Скопје добива 3.300 нови контејнери: Потпишан договорот за подобрување на комуналната хигиена

    07.09.2026 во 15:581 Min Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_5e0est5e0est5e0e (1)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери за потребите на Скопје, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите неколку години.

    Целта на оваа инвестиција е унапредување на системот за собирање и управување со отпадот во главниот град, овозможувајќи почисти населби, намалување на смет околу садовите за отпад, како и поефикасно и навремено празнење од страна на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

    За споредба, во изминатите 12 години биле набавени вкупно околу 1.300 контејнери, што беше недоволно за потребите на градот и резултираше со преполни и оштетени садови, како и нарушена комунална слика во повеќе населби.

    Новите контејнери се набавуваат по цена од 9.600 денари по парче. Од градските власти истакнуваат дека ова претставува значително поекономично искористување на средствата, со оглед на тоа што претходно набавуваните контејнери чинеле над 18.000 денари по парче.

    Набавката е дел од пошироките активности за модернизација на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, по претходно реализираната набавка на нови комунални возила.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.