Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши за 8 Септември: Државноста се гради секој ден, да се запрашаме каква држава посакуваме во следните 35 години

    Гаши за 8 Септември: Државноста се гради секој ден, да се запрашаме каква држава посакуваме во следните 35 години

    07.09.2026 во 15:023 Mins Read
    ФОТО: Собрание
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод 35-годишнината од независноста, претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати пред присутните во законодавниот дом, порачувајќи дека 8 Септември е круна на повеќедецениска заложба, но и потсетник дека државата се гради секојдневно преку институциите, законите и довербата на граѓаните.

    ФОТО: Собрание

    Во своето празнично обраќање, Гаши посочи дека патот изминативе три и пол децении не бил лесен, но дека земјата успеала да си ја избори независноста на мирен начин.

    – Без оглед на тоа на кој политички табор му припаѓале и дали се согласуваме со сите политички одлуки на таа генерација, не можеме да не го признаеме и вреднуваме фактот дека Македонија стана независна и суверена на мирен начин, нешто што не се случи со другите републики кои се одвоија од поранешна Југославија. Поради тоа, 8 Септември и референдумот од 1991 година се мирен роденден на една држава сонувана од многу генерации и круна на една повеќедецениска заложба – истакна Гаши.

    ФОТО: Собрание

    Тој потенцираше дека наместо само да се осврнуваме на минатото, главниот предизвик за оваа генерација е да дефинира каква држава ќе им остави на идните поколенија.

    – По аналогија со легендарната реченица на претседателот Кенеди, ние не треба само да го поставуваме прашањето што направила државата за нас, дури ни што сме направиле ние за државата во овие 35 години, туку сите треба да се запрашаме каква држава посакуваме да имаме во следните 35 години? Тоа е предизвикот на нашата генерација – порача претседателот на Собранието.

    ФОТО: Собрание

    Според него, визијата за иднината мора да биде заснована на функционални институции, каде што администрацијата е во служба на граѓаните, а владеењето на правото и борбата против корупцијата се императив.

    – Всушност, ние можеме да имаме различни јазици, различни култури, различни традиции, различни политички убедувања, но имаме само една заедничка држава. Ова треба да биде основата на нашиот однос – нагласи Гаши, додавајќи дека Собранието мора да покаже надпартиска одговорност кон основните државни цели.

    Во обраќањето, Гаши се осврна и на економскиот развој, демографските предизвици и односот кон иселениците, истакнувајќи дека задржувањето на младите е вистинскиот патриотизам што се очекува денес.

    ФОТО: Собрание

    – Демографската политика не треба да се гледа само преку наталитетот. Таа треба да биде поврзана со квалитетот на животот, со вработувањето, со квалитетното образование и здравство, со правдата, но и со животната средина и можностите за домување. Младите треба да веруваат дека и овде можат да изградат добар живот – заклучи тој, честитајќи им го празникот на сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.