Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Пукање во Охрид
    • Јаневска: Инженерите школувани овде се ценети и надвор од државните граници
    • Зеленски со алармантна порака: Русија подготвува масовен напад врз Украина
    • Ескалација во Црното Море: Дронови нападнаа два трговски брода во близина на Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Груби се изјасни за невин во случајот за „Државна лотарија“, судењето одложено за в петок

    Груби се изјасни за невин во случајот за „Државна лотарија“, судењето одложено за в петок

    07.09.2026 во 14:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

    Покрај Груби и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, на кој му се суди во отсуство, во овој предмет обвинети се уште шест лица: Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

    На денешното рочиште сите присутни обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Исклучок беше обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара тоа да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

    Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејствија преземени во текот на 2023 и 2024 година. Според ОЈО, обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари, со што се товарат за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување.

    За докажување на вината, Јавното обвинителство најави изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци.

    По барањето на обвинетиот Авдиу за превод на обвинението, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи судењето за в петок.

    Инаку, Артан Груби во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце по повеќе од 14 месеци бегство. По распитот во Обвинителството, наместо во затворски притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, од безбедносни причини му беше одреден куќен притвор.

    Прочитај повеќе

    Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника

    06.10.2026 во 22:53

    Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец

    06.10.2026 во 22:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.