Author: Author 04

Денеска во Македонија се очекува сончево време, проследено со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Низ земјава ќе дува слаб до умерен ветер, кој ќе доаѓа претежно од северен правец. Живата во термометрите ќе се движи во интервал од минимални -1 до 6 степени, додека дневниот максимум ќе достигне вредности меѓу 15 и 23 степени. Во Скопје, исто така, преовладува сончево време со повремена облачност и умерен северен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 4 степени, додека максималната дневна ќе се искачи до 21 степен. Според прогнозата на УХМР, топлото време ќе…

Повеќе

Состојбата во Ормускиот Теснец достигна точка на вриење, откако претседателот Доналд Трамп упати директна и бескомпромисна наредба до американската морнарица: употреба на смртоносна сила против секое пловило за кое постои сомнеж дека поставува мини во овој витален воден пат. Преку социјалната мрежа „Truth Social“, претседателот Трамп јасно ја пренесе својата одлука: „И наредив на американската морнарица да пука и да го потопи секој брод што поставува мини во водите на Ормускиот теснец. Нема колебање“. Трамп додаде дека операциите за расчистување на мините, кои се веќе во тек, сега ќе продолжат со „тројно зголемено темпо“. Со ова, Вашингтон практично поставува нова…

Повеќе

Состојбата во Ормускиот Теснец е доведена до точка на вриење. Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна и недвосмислена наредба до американската војска: секој ирански чамец кој ќе биде фатен како поставува мини во овој стратешки воден пат – мора да биде уништен! Оваа одлука доаѓа како одговор на серијата провокации и зголемените активности на Иран, кои го блокираат слободниот проток на енергенси и ја загрозуваат меѓународната безбедност. Трамп преку социјалните мрежи потврди дека американските сили ги засилуваат операциите за деминирање, ставајќи го фокусот на осигурување на безбедна пловидба за трговските бродови. Конкретни потези на терен: Ситуацијата се комплицира дополнително откако…

Повеќе

Битола „лежи“ на неексплодирани убојни средства од Првата светска војна. Над илјада опасни предмети се досега извадени од локацијата „Тумбе Кафе“, а според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), акцијата за расчистување е далеку од завршена. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција ја обелодени застрашувачката бројка – евидентирани се точно 1.067 неексплодирани убојни средства на потегот над куќите на „Тумбе Кафе“. Што сè крие битолската почва? „Очекуваме да најдеме уште толку“, изјави директорот Ангелов, најавувајќи дека тимовите на ДЗС ќе продолжат интензивно да работат на терен во наредниот период. Целта на оваа сложена операција е целосно…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави радикална промена во начинот на кој здравствениот систем ќе се справува со жртвите на насилство. Во иднина, лекарите ќе имаат обврска и можност да евидентираат случаи на насилство во системот, дури и кога пациентите самите одбиваат или не го пријавуваат истото. Оваа мерка, како што појасни Алиу на седница на собраниската Комисија за еднакви можности, е клучна за навремено препознавање на „обрасци“ на насилство. „Ако некој доаѓа со исти повреди по одреден период, системот ќе овозможи да се реагира и од здравствен, психолошки и правен аспект“, истакна Алиу. Што сè ќе биде опфатено со…

Повеќе

Вчера околу 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Г.(35) и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама и одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Нов удар врз слоободата на медиумите и демократијата. Христијан Мицкоски си го постави пријателот и почесен конзул на Гвинеја, Зоран Ристоски – Ѓузо за директор на МТВ, велат од СДСМ. „Единствена квалификација на Ристовски е близината лично со премиерот Мицкоски. Еден конзул за енергетика – Адамовиќ, сега уште еден конзул за МТВ по шемите на Мицкоски. Наместо националниот јавен сервис да биде еден од столбовите на демократијата и во служба на објективно информирање на граѓаните, Мицкоски гo претвори во партиски мегафон на неговата организирана криминална група. Со ставањето во канџите на Мицкоски се заокружува целосната партизацијата и на државната МТВ.…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог. Во рамки на средбата беше изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Владата кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на економските односи и потенцијалот за нови инвестиции. Воедно, стана збор и за меѓународните односи, актуелните состојби во рамки на НАТО, како и за тековните безбедносни предизвици. Посебен осврт беше направен…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 01.09.2022 до 31.08.2023 и второпријавениот, како директор и назначен да извршува дополнителни работи-водење на вонредни испити од 01.09.2023 до 31.08.2024 овозможиле вонредните ученици да пријавуваат и полагаат испити од наредна година без да ја имаат завршено претходната година и без да достават потврди за следење на…

Повеќе

Во рамки на подготовките за кандидатурата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, градот беше домаќин на меѓународната конференција „The Skopje Project 2026: Culture, Urban Policies and Sustainable European Cities“. Настанот, поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), собра голем број домашни и странски експерти, со цел да се постави јасна визија за идниот развој на главниот град. На конференцијата присуствуваа значајни личности, меѓу кои шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михаил Рокас, министерот за култура Зоран Љутков, постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан, како и градоначалници и претставници од Матера, Подгорица, Валета и Торино. Пет меморандуми за…

Повеќе