Author: Author 04

Кога некој ви дал одговорност да раководите со одреден ресор, да носите јавна функција, тоа значи дека треба да бидете лојален на оваа држава, а еден од начините да покажете лојалност е да бидете државјанин само на оваа држава, нагласи пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, во дебата на „24 Анализа“ на ТВ 24. Тој истакна дека прашањето за двојните државјанства не смее да се користи за политички поени, туку мора да се решава суштински и одговорно. „ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон до Собрание за двојните државјанства, односно Закон за пратеници со кој се предвидува дека пратеник може да стане само човек кој…

Повеќе

Вчера околу 02:30 часот во близина на граничната линија со Грција, во атар на с. Богородица, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода У.Ш.(48) од Скопје, поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“ со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам. По наредба на јавен обвинител, У.Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија.

Повеќе

„Денеска во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“ соопштија од МВР.

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ги информира корисниците на јавниот превоз дека автобусите моментално сообраќаат согласно зимскиот возен ред. Покрај режимот на возење, од претпријатието известуваат и за привремени измени во трасите на движење. Поради изведување на градежни работи на пат, автобусите на следните десет линии во еден дел од трасата сообраќаат по изменет режим: Од ЈСП апелираат до патниците навремено да се информираат за евентуалните промени и да го прилагодат своето движење низ градот согласно актуелната состојба на терен.

Повеќе

Тригодишно дете од Подгорица го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21 часот во Сутоморе, Црна Гора, соопштија од полицијата. Според првичните и неофицијални информации, кобниот момент се случил при излегување на семејството од автобус. Детето, кое е родено во 2022 година, во еден момент се оттргнало од рацете на својата мајка и истрчало директно на коловозот. Во тој момент на него налетало возило што се движело по магистралниот пат. По несреќата, детето итно било пренесено во здравствена установа за укажување медицинска помош. И покрај сите напори на лекарите да му го спасат животот, повредите…

Повеќе

Тешка несреќа се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, каде при ископ и подготовка на терен за изградба на нова станбена зграда, градежен материјал затрупа повеќе работници, објави Нетпресс. Според првичните информации, станува збор за најмалку двајца работници кои се најдоа под земјата и отпадот. Еден од работниците веќе е изваден од местото на несреќата, додека потрагата по останатите затрупани лица е во тек. Немилиот настан се случи на локација зад кафулето „Фејс“, во непосредна близина на паркот „Македонија“.

Повеќе

Грчкиот остров Крит рано изутринава беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, предизвикувајќи вознемиреност кај населението. Потресот се случи околу 6:20 часот, а според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на длабочина од околу 10 километри. Првиот човек на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси, Ефтимиос Лекас, во изјава за грчката телевизија ЕРТ потврди дека земјотресот бил почувствуван многу пошироко од Крит. „Потресот не се ограничил само на Крит, туку бил почувствуван и на околните острови, вклучувајќи ги Касос и Карпатос. Во моментот сè уште се обработуваат податоците за целосната слика од…

Повеќе

Венера влезе во знакот на Близнаци, носејќи нова динамика, комуникација и промени во социјалниот живот. Прочитајте што ве очекува според вашиот хороскопски знак. Овен Фокусот се префрла на комуникацијата. Венера во Близнаци носи повеќе разговори, пораки и средби. Ова е период кога можете да се поврзете со некого преку искрен разговор. Бик По период на стабилност, сега вниманието се насочува кон вредностите и сигурноста. Венера во Близнаци носи размислување за тоа што навистина ви значи. Близнаци Со Венера во вашиот знак, шармот и привлечноста се засилени. Ова е период кога луѓето полесно ве забележуваат и кога односите се движат полесно.…

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Судот ја донесе оваа одлука по предлог на надлежното обвинителство, поради основано сомневање дека Сејдини сторил кривично дело „проневера во служба“. Како причини за притворот, судот посочи опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази во постапката. Сејдини, кој ја предводеше ФФМ во периодот од 2019 до 2025 година, беше уапсен вчера од припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и криминалистичката полиција. Според обвинението, осомничениот во периодот ноември –…

Повеќе

СДС не ја води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Појавувањето на Заев не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер на СДС додека Венко Филипче останува само формален претседател. Заев е олицетворение на криминал, корупција и човек кој се пазари за се па дури и за државните и национални интереси, а Филипче е личност што слепо го следи и се воодушевува на…

Повеќе