Author: Author 04

Со пораки за национално обединување, економски напредок и градење силна држава за идните генерации, премиерот Христијан Мицкоски се обрати на свеченоста под мотото „Силно светнал ден!“, што се одржа на платото пред Владата по повод 35-годишнината од независноста. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека овој јубилеј мора да претставува пресвртна точка за државата. „Верувајте во нашата татковина. Не затоа што е совршена. Туку затоа што е наша и затоа што можеме да ја направиме подобра. Не затоа што немаме проблеми. Туку затоа што имаме сила да ги решиме. Не затоа што историјата ни ветила победа. Туку затоа што ние сме…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ј.В.(39), Е.Р.(30), С.М.(39) и 17-годишник од Скопје, Р.М.(24) од Битола, 42-годишната Џ.В. и Љ.Р.(64) од демирхисарско, 18-годишната М.А. и Ј.Д.(22) од Прилеп и Ј.С.(36) од кочанско. Исто така, лишен од слобода е и М.К.(40) од Македонски Брод бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од МВР апелираат до сите…

Повеќе

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски и на вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев, на Градските гробишта во Бутел – Скопје. Во рамки на настанот, во организација на Кабинетот на претседателката, свежо цвеќе положија и собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, владина делегација предводена од министерката за образование и наука, Весна Јаневска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, Гувернерот…

Повеќе

Вчера во 03:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека  на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Н.Т.(72) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 23:45 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Teaрце ја лишија од слобода И.М. (60) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:55 часот во семејниот дом, по претходна расправија, И.М. физички ја нападнала нејзината 31-годишна снаа. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.А. (75) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал неговиот 73-годишен брат и неговата 69-годишна снаа за брат. При преземање мерки било констатирано дека е под дејстов на алкохол, односно му биле измерени  1,07 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

Повеќе

Вчера полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово го лишија од слобода З.Ѓ.(48) од с.Долно Седларце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 152-а во врска со чл. 24 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден мобилен телефон и еден лаптоп компјутер. Имено, претходно истиот ден, жена од Тетово пријавила дека З.Ѓ. и уште едно лице неовластено споделиле и објавиле нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина, кои потекнуваат од периодот кога биле во врска. Според пријавеното, во изминатите две години З.Ѓ. во повеќе…

Повеќе

Вчера околу 13:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека во с.Мокриево, струмичко,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од с.Мокрино, струмичко, без возачка дозвола и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од с.Мокриево, без возачка дозвола. Во несреќата малолентикот од с.Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Повеќе

Вчера во 15:20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја вознемирувал неговата 41-годишна поранешна сопруга, доаѓал во близина на нејзиниот дом и работното место и се обидувал да воспостави контакт со неа. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,81 промили алкохол во крвта. Л.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 19:25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишија од слобода Л.А.(25) од Свети Николе и Д.С.(19) од Штип. Полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник бил Д.С. и при преглед кај Л.А. била пронајдена и одземена марихуана, а кај Д.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе