Author: Author 04

Силни експлозии се отекнаа во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот Залив, еден од клучните нафтени центри во земјата, по воена размена на оган меѓу американските и иранските сили. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека нивните сили погодиле три ирански танкери за нафта. Оваа акција следуваше како директен одговор откако иранската Револуционерна гарда испали балистички ракети кон два брода на американската морнарица. Иранската новинска агенција Тасним објави дека еден од танкерите бил погоден со четири американски ракети во областа каде што бил закотвен во близина на островот Харг. Според локални извори, екипажот на танкерот бил навремено евакуиран и…

Повеќе

Најмалку 22 лица го загубија животот, а неколку други се повредени во страшен пожар што избувна за време на свадбена забава во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго. Информацијата ја потврди градоначалникот на општината Лингвала, Норберт Мусинга. Според неговите изјави за медиумите, сегашниот број од 22 загинати е привремен и постои опасност тој дополнително да се зголеми. Причините за избувнувањето на пожарот засега сè уште не се познати и се предмет на истрага. На местото на несреќата излезе заменик-премиерот и министер за внатрешни работи на Конго, Жакмен Чабани. „Ова е трагедија“, изјави Чабани при посетата на локацијата каде што…

Повеќе

Три лица го загубија животот по напад со нож и пожар во слаткарница во јапонскиот град Мотосу. Инцидентот се случил синоќа околу 21 часот во слаткарницата „Sunrise“, објави денеска „Japan Times“. Полицијата била алармирана од лице од местото на настанот, кое пријавило избодено лице, распрскан бензин и избувнување на пожар. Во објектот во тој момент се наоѓале вкупно 11 лица, меѓу кои жена во шеесеттите години и нејзини познаници. Пожарот бил целосно изгаснат по три часа интервенција, при што изгореле околу 300 квадратни метри од двокатната зграда. Локалните власти соопштија дека на местото на настанот се пронајдени две тела, додека…

Повеќе

Месечината во Рак денес формира секстил со Сонцето во Девица, создавајќи мирна и поддржувачка енергија. Она што вчера изгледало далеку, денес може да биде многу поблиску. Овен Ќе ви годи да забавите и да поминете повеќе време во удобна атмосфера. Една желба може да почне да изгледа пореално. Во љубовта, покажете нежност. Работата напредува со мирен пристап. Бик Разговор со блиска личност може да ви донесе нова идеја за иднината. Не ја потценувајте својата интуиција. Во љубовта, блискоста ќе ви годи. Работата носи стабилен напредок. Близнаци Фокусот е насочен кон финансиите и личната сигурност. Добар ден е да направите практичен…

Повеќе

Власта на СДС на која успех и беше раст од 2% на економијата, за која успех беше платите да растат 5% а инфлацијата истиот период да биде 20%, партијата која ги зголемуваше пензиите за 150 денари годишно, не може и не треба да држи лекции за тоа како треба да се води економијата на една држава – истакна на прес-конференција Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија направија споредба меѓу првите осум квартали од нивното владеење и истиот период од мандатот на претходната власт. „Бидејќи ги слушаме секојдневно како говорат за економијата и растот, а се уште се најголема…

Повеќе

Опозициската СДСМ отвори дилеми за случајот со апсењето на владиниот возач за примање мито, барајќи темелна истрага за целиот процес и одговорност за сите инволвирани. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали осомничениот делувал самостојно, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, истакна дека јавноста со право се сомнева во разврската на ваквите случаи. „Можам само да додадам дека, како и досега, можеби дел од полицијата си ја врши својата работа, меѓутоа, како и во досегашните случаи, досега никој не одговара“, изјави Младеновска. Таа потенцираше дека ќе се следи постапката за да се види дали случајот ќе добие соодветна…

Повеќе

Македонија се наоѓа на првото место во Европа по бројот на заболени од западнонилска треска во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција и Романија, изјави денеска на прес-конференција Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, до 1 септември во земјава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, а седум лица починаа, при што ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, за лошо менаџирање со здравствената криза. „Не се ова статичките бројки, човечки животи се загубени. Повторно, исто како и со здравствената криза со водата во Гостивар, институциите на…

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице вработено во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија. Постои основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Постапката е иницирана по пријава на граѓанин од кого осомничениот, во периодот од 24 јули до 4 септември 2026 година, побарал 1.500 евра за да го искористи своето претпоставено влијание. Осомничениот, кој работел како возач на висок владин…

Повеќе

Вработен како возач во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) при Владата на РСМ е лишен од слобода откако бил затекнат при примање на претходно обележани парични средства, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. Апсењето следувало по претходна пријава поднесена од граѓанин. Случајот го воделе специјализираните единици на полицијата во координација со обвинителството. „Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за корупција при МВР постапуваше по претходно поднесена пријава од граѓанин, во координација со надлежниот јавен обвинител. Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц. вработен како возач во СОЗР при Влада на РСМ, е…

Повеќе

Привремените мерки за флексибилност при системот за влез и излез во Европската Унија (EES) престануваат да важат од денеска, 6 септември. Имено, земјите-членки во изминатиот период имаа можност привремено да го суспендираат земањето отисоци од прсти и скенирањето лица во случаи кога се создаваа поголеми метежи. Туристичките агенции и авиокомпаниите предупредуваат дека со укинувањето на овие олеснувања може брзо да се врати сообраќајниот хаос на граничните премини. Напроти нивните предупредувања, Европската комисија истакнува дека системот генерално функционирал добро во текот на летото и дека придобивките за безбедноста се очигледни. Сепак, новите биометриски проверки значително го продолжуваат времето за обработка на…

Повеќе