Author: Author 04

Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО г. Живко Мукаетов, делегацијата имаше можност да се запознае со деветдецениското постоење и успешно работење на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствените перформанси и производственото портфолио. Во фокусот на средбата беа стратешките определби…

Повеќе

Францускиот претседател Емануел Макрон јавно ја потврди својата намера да се повлече од политичката сцена веднаш штом ќе му заврши вториот претседателски мандат во 2027 година. Оваа одлука, соопштена за време на неговата официјална посета на Никозија, Кипар, означува крај на една значајна политичка кариера која го трансформираше европското лидерство. За време на средбата со кипарскиот лидер Никос Христодулидес, Макрон беше недвосмислен во својата порака: „Не се занимавав со политика пред да станам претседател и нема да се занимавам со неа ниту потоа“. Макрон, кој првпат стапна на чело на Франција во 2017 година како еден од најмладите лидери во…

Повеќе

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку својот профил на социјалната мрежа Х ја информираше јавноста за деталите околу неговата здравствена состојба. Тој откри дека му бил дијагностициран малиген тумор, но по направената интервенција, сега е во одлична здравствена состојба. Нетанјаху објасни дека медицинскиот извештај бил готов уште пред два месеци, но свесно го одложил објавувањето за да спречи евентуална злоупотреба на информацијата како алатка за пропаганда од страна на Иран во периодот на воениот конфликт. Му била откриена мала дамка (помала од еден сантиметар) на простатата, утврдена како малиген тумор во рана фаза, без метастази. Иако лекарите советувале само следење, Нетанјаху…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Министерството за здравство оствари официјална средба со делегација од Министерството за здравство на Црна Гора, предводена од министерот за здравје, Војислав Шимун. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на европските интегративни процеси. -Нашата држава има воспоставено традиционално добра и пријателска соработка со Црна Гора. На средбата со министерот за здравје на Црна Гора изразивме подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка во сегментот на здравствените системи. Имавме содржајна и конструктивна размена на искуства поврзани со процесот на усогласување на националното законодавство со правото на…

Повеќе

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив деветмина возеле без возачка дозвола Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина затоа што управувале возила без возачка дозвола (тројца во Скопје, по двајца возачи во Тетово и Струга, а по еден во Прилеп и Куманово), еден возач во Прилеп управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во Скопје управувал возило иако имал активна мерка забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме…

Повеќе

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод на местото викано „Барбарас“ во Македонски Брод го лишија од слобода И.М. (68) од с. Дебреште, општина Дебреште. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници забележале возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М., во кое се превезувала бесправно пресечена дрвна маса, информираа од МВР.  Откако му бил даден знак да застане, возачот не ги почитувал наредбите и продолжил да се движи со зголемена брзина кон службеното возило на полицијата, при што еден полициски службеник испукал предупредувачки истрел во воздух. И.М. бил веднаш приведен во Полициската станица Македонски Брод,…

Повеќе

Трагичната смрт на 27-годишната Каролина Флорес Гомез, поранешна победничка на избор за убавина, го потресе Мексико Сити. Гомез беше пронајдена мртва во својот луксузен стан со прострелна рана во главата, а мексиканските власти интензивно ја истражуваат нејзината свекрва, Ерика Марија, како главен осомничен во случајот. Според досегашните информации од обвинителството, Каролина е убиена на 15 април. Во моментот на пукањето, во станот биле присутни и нејзиниот сопруг, Алехандро Гомез, како и свекрвата. Она што отвора многу прашања кај истражните органи е фактот што пукањето било пријавено дури на 16 април, цели 24 часа по трагедијата. Гувернерката на Долна Калифорнија, Марина…

Повеќе

Во рамки на Меѓународната конференција со која официјално започна проектот „Скопје – Европска престолнина на културата за 2028“, беше промовирано значајното дело „The Skopje Project“, чиј автор е проф. д-р Огнен Марина. На настанот во име на Град Скопје присуствуваше Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека оваа книга претставува исклучително архитектонско и урбанистичко сведоштво за главниот град. Книгата го истражува Скопје низ призмата на поствоената обнова, претставувајќи го градот не само како простор обновен по трагедија, туку како меѓународен проект реализиран со поддршка на Обединетите нации и речиси деведесет земји во светот. Книгата ги следи визиите на светски реномираните архитекти и…

Повеќе

Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен малолетник со повреда од остар предмет, а според пријавеното бил повреден во основно училиште во село Арачиново од негов соученик, соопштија од полицијата во дневниот билтен.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама“. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги обезбедувала ветените станови, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 45.900 денари.

Повеќе