- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)Масло за горење ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)
За граѓаните кои планираат да го искористат продолжениот викенд за патување кон Грција, од исклучителна важност е детално да ја проверат опремата во своето возило. Грција воведе нови, строги сообраќајни правила чие непочитување може да ве чини значителни парични казни. Најважната промена се однесува на комплетот за прва помош. Според новиот стандард (DIN 13164:2022), секое возило мора да поседува сет кој содржи 16 специфични артикли, вклучувајќи термо-ќебе, облоги за изгореници и заштитни маски. Доколку вашиот комплет не е во согласност со овој стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Цената на новиот сет се движи околу 31 евро. Според…
Компостирањето претставува еден од најефикасните и најодржливи начини за управување со биоотпадот – органски отпад од храна, зелен отпад од паркови и градини и други биоразградливи материи. Наместо органскиот отпад да заврши на депонии – каде што се создава метан и депониски исцедок, преку компостирање тој се претвора во вреден ресурс – компост, односно природно ѓубриво богато со хранливи материи, коешто понатаму придонесува за подобрување на плодноста на почвата, и нејзината способност да задржува влага, така што придонесува за намалување на потребата од хемиски ѓубрива. Компостирањето е природен процес на разградување на органската материја (зелен и кафеав отпад) со помош…
Скопјани може да бидат мирни – водата што ја користат е безбедна за пиење, потврдуваат најновите податоци од јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Согласно редовниот неделен извештај на Секторот за санитарна контрола, во периодот од 20 до 24 април 2026 година, извршен е детално мониторирање на квалитетот на водата. Анализите биле спроведени на 45 мерни места на територијата на град Скопје. Во рамки на ова испитување биле земени и обработени вкупно 189 примероци за физичко-хемиска анализа и 189 примероци за микробиолошка анализа. Резултатите од сите извршени тестови покажуваат дека квалитетот на водата е во целосна согласност со Правилникот за барања…
Македонија се подготвува за нагла промена на времето. Под влијание на значително поладна воздушна маса од север, веќе во четврток, 30 април 2026 година, температурите ќе претрпат драстичен пад за повеќе од 10 степени во споредба со актуелните, најавува метеорологот Славчо Попоски. Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Поради изразеното заладување, на планините над 1200 до 1300 метри надморска височина, врнежите од дожд ќе преминат во снег. Промената ќе биде проследена и со повремено засилен ветер од северен правец. Според прогнозата на Попоски, температурите ќе бидат значително пониски од вообичаените за овој период од годината: Дневните…
Овен Фокусот денеска е на работните обврски и организацијата. Со правилен пристап ќе забележите конкретен напредок. Бик Акцент на креативноста и личните проекти. Ден погоден за претворање на идеите во практични резултати. Близнаци Вниманието е насочено кон домот. Малите измени во просторот ќе донесат поголемо чувство на мир и сигурност. Рак Јупитер во вашиот знак ви носи оптимизам. Комуникацијата ќе ви отвори нови можности или ќе донесе добра вест. Лав Ден за стабилност. Фокусирајте се на носење практични одлуки кои ќе ви донесат долгорочна сигурност. Девица Месечината во вашиот знак ви дава енергија. Хармонијата со Јупитер е сигнал дека сте…
Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски и во политиката и во економијата, велат од СДСМ. „Додека цела Европа носи антикризни пакети и навремено реагира за заштита на животниот стандард, Владата предводена од Мицкоски не презема ништо. СДСМ веќе два месеци предлага конкретен пакет за заштита на граѓаните и економијата. Владата селективно презеде само мал дел од тие предлози, без суштинска промена која може да даде резултат и ги остави граѓаните сами да се справуваат со скапотијата. Цените веќе се на историски највисоко ниво, а најавите се дека во мај следува нов бран на поскапувања, вистинскиот удар од…
Во Собранието на Република Македонија денеска се одржуваат седници на две клучни тела – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија. Пратениците ќе расправаат по повеќе предлог-закони, кои се ставени на дневен ред по скратена постапка. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе одржи амандманска расправа по три законски измени: Истовремено, пред членовите на Законодавно-правната комисија ќе се најде значајна новина – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предлага пратениците да имаат само едно, македонско државјанство. Покрај ова, оваа комисија ќе расправа и за измените на…
Јане Ченто денеска во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи прес-конференција на која ќе обелодени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител. Како што соопштија организаторите, пресот е почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на околностите во судскиот предмет поврзан со упадот во Собранието. Во најавата за настанот се наведува: „Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен…
Вистинска драма се одвивала на патеката кај „Куба Либре“ во Охрид, откако параглајдер изгубил контрола при слетување. Како што може да се види од видеото споделено на социјалните мрежи, леталото се движело опасно ниско, директно кон пешаците кои биле на патеката. Во последен момент параглајдерот успеал да ја промени насоката, со што е избегнат директен судир со луѓето. Сепак, обидот за корекција завршил со удар во канделабра. Според првичните информации, во инцидентот нема пријавени потешки повреди. Овој настан предизвика бурна реакција во јавноста и отвори сериозни прашања за безбедносните протоколи при изведување на вакви активности во прометни туристички зони.
