- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација. „Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со повикот се опфатени студенти и/или апсолвенти од државни, меѓународни и приватни факултети, жители на Општина Центар . Практикантите за времетраењето на ангажманот ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари. Практикантството ќе се реализира во различни сектори, во зависност од потребите…
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција го одбележа деветгодишниот јубилеј од настаните во Собранието на 27 април 2017 година, кои ги оквалификува како „најцрниот ден во историјата на македонската демократија“. Според Кузеска, тој датум е потсетник за тоа како, како што рече, „криминална и недемократска власт може да ја втурне државата во провалија“. Во своето обраќање, Кузеска упати низа критики кон актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таа тврди дека девет години подоцна, наместо целосна правда, јавноста е сведок на обиди за, како што ги нарече, „срамна рехабилитација на насилниците“. Според неа, по преземањето на власта, осудените лица за…
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави сериозни инвестиции во железничкиот и јавниот сообраќај. МЖ Транспорт веќе потпиша договор со ЕВОР за набавка на најмалку пет нови товарни локомотиви, а паралелно се преговара и со Светската банка за модернизација на возниот парк за патници. Еден од приоритетните проекти што се реализираат е воведувањето на „Градски воз“ во Скопје, чија прва линија треба да профункционира на 1 септември. Според министерот, проектот има за цел да го намали загадувањето, да го промени начинот на живот во приградските населби и да промовира култура на користење железница. „Ова е еден од најзначајните проекти…
Подготовките за претстојниот бесплатен концерт на светската музичка ѕвезда Шакира, закажан за 2 мај, беа прекинати од трагична несреќа на плажата Копакабана. При монтажата на импозантната сцена, на која екипите работеа повеќе од две недели, еден техничар го загуби животот. Според информациите од локалните власти и противпожарната служба, несреќата се случила кога системот за подигнување на конструкцијата откажал, при што нозете на работникот биле приклештени и тешко повредени. И покрај итната интервенција и транспортот до болница, мажот им подлегна на повредите. „За жал, техничарот почина во болницата“, потврдија кратко од компанијата која е организатор на настанот. Настанот го отвори прашањето…
Тешко убиство се случи денеска во селото Балдрен, во близина на албанскиот град Лежа, при што животот го загуби брачен пар. Според првичните информации, нападот бил извршен на класичен начин – „возило против возило“. Додека сопружниците се движеле со своето „Ауди“, врз нив било пукано со автоматско оружје од друго возило кое било во движење. Напаѓачите веднаш по пукањето побегнале од местото на настанот. Возилото на жртвите е целосно изрешетано, а лекарите на самото место констатирале смрт на двете лица. Полициските тимови веднаш излегоа на терен и го блокираа реонот, а во тек е интензивна потрага по сторителите. Идентитетот на…
По вчерашниот инцидент за време на свечената вечера на Здружението на дописници во Белата куќа, администрацијата во Вашингтон сериозно размислува за дополнителни безбедносни мерки. Како што пренесува Питер Дуси, висок кореспондент на Fox News, во тек се внатрешни дискусии за засилување на личната заштита на претседателот Доналд Трамп, вклучително и можноста тој да носи заштитен елек (панцир) при идни јавни настапи. Инцидентот се случи во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде претседателот и првата дама Меланија Трамп беа итно евакуирани откако беа испукани меѓу пет и осум истрели. Во пукањето беше ранет припадник на обезбедувањето, чиј живот беше спасен токму благодарение на…
Европа се соочува со редок и опасен метеоролошки пресврт. Силен „Омега блок“ над Северниот Атлантик и Гренланд насочува арктичка воздушна маса директно кон исток и југоисток од континентот, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурите, пишува „Severe Weather Europe“. Оваа доцнопролетна студена инвазија доаѓа по невообичаено топлиот почеток на април, кога температурите достигнуваа и до 25 °C, што ја забрза вегетацијата и ги направи растенијата исклучително чувствителни на мраз. Најсилниот удар се очекува во земјите од источна и југоисточна Европа, каде температурите ќе бидат за 8–15 °C под просекот за овој период. На списокот се: На овие подрачја се прогнозираат…
Силен циклон го зафати европскиот дел од Русија, предизвикувајќи екстремни временски услови, обилни врнежи од дожд, снежни бури и силни ветрови. Вредноста на воздушниот притисок во циклонот е намалена на само 975 милибари, што укажува на многу силен систем кој полека се движи кон исток. Временските услови драстично се влошија во текот на вчерашниот ден, кога Москва беше погодена од обилни дождови, додека на северозапад од Русија и во Санкт Петербург почна да паѓа снег. Во јужните делови од московската област биле забележани и грмотевици. Ситуацијата се влоши во текот на ноќта, кога дождот во Москва премина во снег, проследен…
Цените на нафтата на светските берзи забележаа пораст во понеделникот, како директна последица на пропаѓањето на плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран. Дополнително, ситуацијата се влоши по извештаите за наводен напад на Иранската револуционерна гарда врз два товарни брода во близина на Ормутскиот теснец. Меѓународниот репер, суровата нафта Брент, порасна за 2,2% и достигна цена од 107,64 долари за барел, додека американската сурова нафта забележа пораст од 1,96% на 96,25 долари. Дипломатскиот застој се продлабочи откако американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа плановите за испраќање претставници во Исламабад. Трамп преку „Truth Social“ упати остра порака до…
Во саботата во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во сендвичара на ул. „Кеј Македонија“ во Охрид. При тоа со изгореници се здобиле двајца вработени А.П. (39) од Охрид и М.Б. (30) од Битола, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар Охрид, соопштија од полицијата во вчерашниот полициски билтен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
