Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота
    • Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи
    • Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот
    • Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери
    • Обвинителството со детали: Обезбедени наредби за претрес кај виш јавен обвинител од Битола поради сомневања за корупција
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонец уапсен на лет за Загреб поради сексуално вознемирување малолетничка – девојчето испратило порака на стјуардесата

    Македонец уапсен на лет за Загреб поради сексуално вознемирување малолетничка – девојчето испратило порака на стјуардесата

    09.09.2026 во 10:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонски државјанин на возраст од 61 година бил уапсен под сомнение за сексуално вознемирување на 15-годишно девојче за време на меѓународен лет со дестинација кон Загреб.

    Инцидентот се случил додека малолетничката патувала сама. Во текот на летот, таа дискретно ја повикала стјуардесата и ѝ покажала порака напишана на екранот од нејзиниот мобилен телефон.

    „Многу се плашам од овој човек, можете ли некако да ми помогнете?“, гласела пораката со која девојчето побарало помош.

    Стјуардесата реагирала брзо и присебно за да не го привлече вниманието на осомничениот. Со цел да ја извлече од ситуацијата, ѝ кажала на патничката дека ќе ѝ ја покаже локацијата на тоалетот.

    Наместо во тоалетот, стјуардесата ја одвела малолетничката директно до пилотската кабина, каде што таа ги објаснила сите детали за настанот.

    Според нејзината изјава, мажот кој седел до неа почнал непримерно да ја допира уште за време на полетувањето на авионот, оправдувајќи го тоа со изговор дека ѝ помага да го прицврсти безбедносниот појас.

    По слетувањето на авионот, полицијата го уапсила 61-годишниот македонски државјанин, а надлежните правосудни и безбедносни органи презеле соодветни мерки за расчистување на случајот.

    Прочитај повеќе

    Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект

    06.10.2026 во 19:15

    Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње

    06.10.2026 во 18:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.